

Мисија на ИМОР
Мисијата на ИМОР е оспособување на младиот човек во духот на меѓукултурно разбирање и соработка, граѓанско општество и демократија, и развој на позитивно опкружување во кое ќе се почитуваат правата на маргинализираните, дискриминираните и ранливите лица, семејства и ризични групи и обезбедување поддршка при нивно интегрирање во општеството.


Цели на организацијата
- Да ја охрабрува и потпомага младината од сите колективитети и заедници во земјата, Балканот и интернационално во заедничкото работење на јакнењето на човечките права, демократијата, меѓу-етничкото разбирање и толераниција, преку-граничната соработка и сите други начини на соработка помеѓу младите.


Сектори на делување
Работа со млади, граѓанско општество, образование, меѓуетеничко разбирање, човекови права, екологија, меѓународна соработка, учење за и ценење на различни култури, проектна работа, истражувачка работа, култура и уметност, маргинализирани, сиромашни заедници, социјална инклузија, полова еднаквост, семејно насилство.

