Работа со деца

Работа со деца во мултиетничко општество

 

Име на проектот: „Зајакнување на капацитетите на идните наставници и други професионалци за работа со деца во мултиетничко општество”. Проектот го спроведува Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ. Здружението на граѓани ИМОР е вклучено во реализацијата на проектот.

Целна група: ученици од одделенска настава во основните училишта. ИМОР вклучи 50 ученици од основните училишта: „Тодор Ангелевски”, „Коле Канински”, „Стив Наумов”, „Кирил и Методиј” и „Ѓорги Сугарев” од Битола, со мешан етнички состав. Најмногубројни се учениците од македонска националност.

Најголем број од вклучените ученици се од ИВ одделение (сметано и по стара и по нова програма).

Изведувачи на проектот: 13 невработени наставници (од кои еден магистер со пријавена докторска дисертација и двајца постдипломци од областа на педагогија) и двајца студенти на отсек психологија на Славјанскиот институт.

 

Начин на работа: еден наставник – еден ученик, а по потреба и два до три ученици со еден наставник.

 

Активности: подучување на децата од одделенска настава кои што имаат тешкотии во совладувањето на наставните содржини како и помош при пишувањето и изведувањето на домашните задачи (особено по предметите математика, македонски и англиски јазик).

Подучувањето е бесплатно. За време на престојот во простории на ИМОР (обично по 1 час во период кој што нив им одговара), за учениците обезбедена е ужина.

Честотата на доаѓањето на учениците е индивидуална и не е ограничена. Секој ученик доаѓа тогаш кога смета дека има потреба, а може да доаѓа секој ден доколку има потреба од тоа.

Работата е транспарентна за сите вклучени страни. ИМОР е отворен за соработка со секој кој што ќе пројави желба и интерес, а се вклопува во рамките на овој проект.

 

Работно време: секој работен ден од 09.00 - 15.00 часот.

 

Период: декември 2009 год. до мај 2010 год.

 

Alternative flash content

Requirements

Посетители

Имаме присутни 2 гости и нема членови

Прирачник

  прирачник за граѓанско општество

Материјали

ИМОР нуди материјалите/ресурси подготвени од страна на ИМОР и iEARN кои можат да се користат за стручно и професионално усовршување и развој со означување на сопственоста.
За да пристапите до материјалите треба да се најавите/регистрирате.

Обуки

ИМОР и неговите членови нудат обука, поддршка и експертиза во низа области.
Обуките се наменети за ученици, млади и возрасни слушатели.
Информирајте се повеќе за областите за кои ИМОР нуди обуки поврзувајќи се на следниот линк.

Услуги

Здружението Интерактивна мрежа за образование и ресурси ИМОР нуди голема лепеза услуги во сферата на компјутерските, комуникационите технологии и мултимедијата, проектно базирано учење, формалното и неформалното образование, стручниот и професионален развој, раководењето со човечките ресурси, управуањето со организациите, менаџирањето со проекти, истражувања, консултантски услуги и инженеринг.