Цели

Цели

article 2

Конкретни цели на организацијата

• Да ја охрабрува и потпомага младината од сите колективитети и заедници во земјата, Балканот и интернационално во заедничкото работење на јакнењето на човечките права, демократијата, меѓу-етничкото разбирање и толераниција, преку-граничната соработка и сите други начини на соработка помеѓу младите.

• Да ја охрабрува и потпомага младината од сите колективитети и заедници во земјата, Балканот и интернационално во заедничкото работење на јакнењето на човечките права, демократијата, меѓу-етничкото разбирање и толераниција, преку-граничната соработка и сите други начини на соработка помеѓу младите.
• Да ја охрабри младината од сите земји да учи и работи заедно користејќи ги телекомуникациите и технологијата, да го зајакне светскиот мир и да заземе активно место во решавањето на глобалните проблеми кои го засегаат светот.
• Да се развиваат пријателски односи меѓу младината од сите народи базирани на принципот на еднакви права и самоопределување на луѓето.
• Да се работи самостојно и соработува со други организации и институции на подобрувањето на животот на припадниците на маргинализираните групи и хендикепираните лица, во државата и надвор од неа.
• Да ги унапредуваат и поттикнуваат човековите права и основните слободи за сите без оглед на пол, раса, јазик, култура и религија.
• Да се помага на жртвите на домашното насилство и поддржи нивното вклучување во заедницата.
• Да се охрабрува и помага воспоставувањето на мостот меѓу образованието и заедницата, со акцент на вклучување на сите заинтересирани страни во образовниот процес.
• Да се помага во вклучувањето на маргинилизираните групи во образованието и он-лине проектната работа.
• Да помогне во идентификацијата и споделувањето на различните, но комплементарни искуства од образовните, академски и други национални организации со поддржување на образовната инфраструктура и традициите низ светот.
• Да се споделуваат образовни и други ресурси со висок квалитет достапни во различните ИМОР центри.
• Да се обезбеди глобална инфраструктура за образовна мрежа отворена за сите чиј концепт базира на акција.
• Да се споделува телекомуникациска технологија, образовни методи и други ресурси со младински организации, училишта или индивидуи кои сакаат да ги постигнат ИМОР целите.
• Да потпомогнат во воспоставувањето на програми за обука и поддршка во секој глобален центар.
• Да се прошири мрежата на финансиската и операционата поддршка на ИМОР центрите низ светот.
• Да се работи со организации кои опфаќаат повеќе програми, академски тела и универзитети и невладини организации и влади за да се воспостави глобална заедница на засегнати организации и граѓани со изразена цел на поддржување на младината во светот во развивање и имплементација на образовни и хуманитарни проекти, посебно проекти кои се наменети за добробит на човештвото и благосостојбата на планетата на која живееме.
• Да се развие и одржува високо квалитетна образовна иновација.
• Да се поттикнува интегрирање на компјутерската и комуникационата техника во секојдневниот образовен процес.
• Да се помага во овозможувањето на пристап до Интернет на маргинализираните групи и хендикепираните лица.

 

 

Прирачник

  прирачник за граѓанско општество

Материјали

Водич за родители за превенција на онлајн насилен екстремизам

(верзија за печатење) Водич за родители за превенција на онлајн насилен екстремизам 

ИМОР нуди материјали/ресурси подготвени од страна на ИМОР и iEARN кои можат да се користат за стручно и професионално усовршување и развој. За да пристапите до материјалите треба да се најавите/регистрирате.

Обуки

ИМОР и неговите членови нудат обука, поддршка и експертиза во низа области.
Обуките се наменети за ученици, млади и возрасни слушатели.
Информирајте се повеќе за областите за кои ИМОР нуди обуки поврзувајќи се на следниот линк.

Услуги

Здружението Интерактивна мрежа за образование и ресурси ИМОР нуди голема лепеза услуги во сферата на компјутерските, комуникационите технологии и мултимедијата, проектно базирано учење, формалното и неформалното образование, стручниот и професионален развој, раководењето со човечките ресурси, управуањето со организациите, менаџирањето со проекти, истражувања, консултантски услуги и инженеринг.