Мисијата на ИМОР е оспособување на младиот човек во духот на меѓукултурно разбирање и соработка, граѓанско општество и демократија, и развој на позитивно опкружување во кое ќе се почитуваат правата на маргинализираните, дискриминираните и ранливите лица, семејства и ризични групи и обезбедување поддршка при нивно интегрирање во општеството.
Целни групи: младина и студенти, националности, хендикепирани, маргинализирани, жртви на семејно насилство, деца, невработени.
ИМОР е единствена членка во УНЕСКО-вата мрежа Info Youth од Македонија и една од ретките на Балканот која членува во оваа организација повеќе од 5 години.
"Интерактивна мрежа за образование и ресурси" - ИМОР нуди голема лепеза услуги во сферата на компјутерските, комуникационите технологии и мултимедијата, проектно базирано учење, формалното и неформалното образование, стручниот и професионален развој, раководењето со човечките ресурси, управуањето со организациите, менаџирањето со проекти, истражувања, консултантски услуги и инженеринг.
Соработуваме и работиме со организации и фондации од земјата и надвор од неа (линк кон ИМОР мрежа), претпријатија од различна големина, сектор и сопственост, невладини организации и асоцијации, владини институции, национални и интернационални проектни инцијативи.
Alternative flash content
Requirements
ИМОР нуди материјалите/ресурси подготвени од страна на ИМОР и iEARN кои можат да се користат за стручно и професионално усовршување и развој со означување на сопственоста.
За да пристапите до материјалите треба да се најавите/регистрирате.
ИМОР и неговите членови нудат обука, поддршка и експертиза во низа области.
Обуките се наменети за ученици, млади и возрасни слушатели.
Информирајте се повеќе за областите за кои ИМОР нуди обуки поврзувајќи се на следниот линк.
Здружението Интерактивна мрежа за образование и ресурси ИМОР нуди голема лепеза услуги во сферата на компјутерските, комуникационите технологии и мултимедијата, проектно базирано учење, формалното и неформалното образование, стручниот и професионален развој, раководењето со човечките ресурси, управуањето со организациите, менаџирањето со проекти, истражувања, консултантски услуги и инженеринг.