Алтруистичко однесување  

ВОВЕД

Алтруистичко однесување означува несебично однесување и помагање на другите. Еден од втемелувачите на социологијата како наука Емил Деркенм зборува за општественото обележје “интерграција” (степен на општествена кохезија) и “општествена регулација” (дел кој кој е поделен на нормирање) дефинирајќи дека алтруизмот е облик на општествена состојба која поединецот го поврзува со општествено признати вредности и цели. Друга дефиниција која се сретнува е дека алтруизмот е наклоност и тенденција спрема доброто за грижа на другите чии интереси се ставени над сопствените интереси и корист. Таквото однесување не е поттикнато од очекувања на награди , тоа е свесно и содржи намера некому да се помогне ,  а бара одрекување. Постојат дефинирања кои велат “ Помагаме на другите поради сликата за себе.”
Соочувањето со туѓо страдание, верување во сопствената неранливост поттикнува сваќања за нерамномерана, нераспоредена неправда и го мотивира дарувањето. Сочуствувањето со поединецот во невоља ја движи хуманоста , алтруизмот како мотивација која излегува од секој од нас не како калкулација, во очекување за надомест и интерес туку како алтруизам.

  ФАКТОРИ КОИ ШТО ГО ОПРЕДЕЛУВААТ АЛТРУИСТИЧКОТО ОДНЕСУВАЊЕ

 Во теоретските приоди во проочувањето на помагањето на другите со векови мислителите особено филозофите се интересирале и дебатирале дали алтруистичкото однесување се учи или е резултат на биолошки предиспозиции. И денес околу тоа сеуште се дебитира. Повеќе биолошки ориентирани научници ги нагасуваат гентската основа на помагањето, а повеќе социјално ориентирани научници ги нагласуваат социјалните детерминати. Но речиси постои согласност дека секој од овие приоди придонесува за разбирање зошто едни помагаат на други.
                Според една концептуална рамка
( G. Lindzey and E. Aronson 1985) одговорот на прашањето  зошто луѓето се однесуваат алтруистички е даден на три општи нивоа : Биолошко и културно, персонално и ситуационо и конгнитивно и афективно. Во основа на оваа концепција е дека овие три вида фактори се прилично замрсени и компликувани, па затоа е потребно да се утврдат  разликите во нивните дејствија и ефекти во интеракција меѓу овие три нивоа на влијание.
             Авторите објаснуваат дека алтруистичкото однесување (тие во исто време зборуваат и за агресивното однесување) секогаш води потекло од интеракцијата меѓу интеркарактерите.

   Иако социјално психолошките истражувања за алтруизмот почесто биле фокусиани на влијанието на ситуационите варијабли, последните истажувања се ориентирани спрема разгледувања на когнитивите и афективните варијабли. Ова пред се заради трендот на полето на социјалната психологија воопшто на фокусирање на интеракција меѓу когнетивните и афективните варијабли како и заради растот на интересот на истражувањата.
               Најголем контраст меѓу алтруистичкото и агресивното однесување е дека афективните фактори се повеќе вклучени во детерминирањето на агресијата одколку во алтруизмот и дека когнитивните фактори се повеќе влијателни во определувањето на алтруистичкото однесување од колку во агресивното однесување. Тоа има за последици повеќе истражувања на релација меѓу алтруизмот и внатрешните стандардни морални резонирања , атрибуција и други когнитивни процеси одколку на релација меѓу агресивното однесување и такви когнитивни варијабли. Од друга страна има значајна литературе за физиолошки , невролошки, и хормонални основи за агресијата, а не за алтруизмот.
               Во осумдесетите години голем дел од социјално-психолошки  истражувања се насочени во барање одговори на прашањата како што се :
            1.  Под кои услови поединецот ќе му помогне на друг во несреќа?
            2.  Се ли некои луѓе повеќе склони да се однесуваат со сочуство одколу други?
            3. Зошто алтруистичкото однесување некогаш се случува, а некогаш не?
            Се тргало и по моралноста и по социјалната одговорност. Социјалните психолози преку овие прашања се обидувале да ги идентификуваат условите под кои просоцијалното однесување се случува и тие услови да се објаснат преку теоретските разгледувања на просоцијалното однесување , интересните механизми и ситуационите детерминанти.Се наведуваат примери на истражувања за идентификација на условите под кои луѓето се ангажираат во помагањето на други.
             Во сите тие обиди истражувачите укжуваат дека определувањето на просоцијалното однесување (алтруистичко или морално однесување) е специфичен вид тешкотија.

        Емоционални фактори во помагањето

  Луѓето во добро расположение имаат тенденција да бидат корисни (добротворни). Може да се дадат две главни објаснувања за ефектот на добро расположение:
               1. Луѓето во добро расположение помагаат доследно задржувајки го нивното расположение.
               2. Мотивација за помагање може да биде различна за луѓето во добро или лошо расположение.
               Според некои автори лошото расположение некогаш го зголемува помагањето, а некогаш го намалува. Во едно испитување утврден е односот меѓу распложението и готовноста да се помогне на другите. Одкако им било предизвикано (индуцирано) среќно, неутрално и тажно расположение на субјектите им било дадено плацебо. На половината субјекти им било речено дека пилулата ќе им го “замрзне”  нивното расположение за 45 минути. На половината не им било речено ништо. Истражувачите размислувале дека тажните субјекти на кои им било речено дека нивното расположение било замрзнато, не биле подготвени да помогнат бидејќи верувале дека нивното расположение нема да се промени. Повеќето среќни,  расположени помагале без оглед дали им било речено или не. За оние со лошо расположение основен мотив во помагањето на други е тоа што помагачот го прави добро да се чуствува. Општо замено, укажуваат истражувачите како што наградата расте, а губитникот се намалува, веројатноста за помагање ќе расте. Алтруизмот значи се јавува како самозадоволство. Луѓето кои научиле дека помагањето е пожелно и може да донесе награда, помагањето може да направи да се чуствуваат добро.  
 


    Алтруистичко однесување и особини на личноста 

    Меѓу мноштвото детерминанти на помагањето битни се и карактеристиките на оној што помага. Сите ние имаме убедување дека знаеме некои луѓе кои се подготвени за помагање повеќе одколку други. Истражувањата покажале дека карактеристиките на поединци можат да влијаат во помагањето во некои ситуации, но не мора нужно тие луѓе да помгаат во други различни околности.
                Така на пример се наведува дека кај возрасните од женскиот пол најдена е позитивна корелација на алтруизмаот со блага екстра верзија, развиеност на социјалните вредности, со ниска потреба за постигнување и ниска потреба за доминација. Кај возрасните мажи, алтруизмот бил поврзан со социјалната ориентација, одсуство на невротичност и блага конзервативност (Rot, 1983). Покрај веќе наведените се наведуваат и други својства како што се интелигенција и религиозноста. Се констатира дека постои висока позитивна корелација меѓу алтруистичкото однесување и збир на црти на личноста која изразува просоцијалната ориентација на поединецот : чуство на одговорност, заинтересираност за благосостојбата на другите, усвојување на моралните и хуманите вредности и развиеноста на моралот.
             Автономниот алтруизам ја означува суштинсаката карактеристика на личноста кон жртвувањето за други. Оваа тенденција се активира спонтано, независно од надворешнта ситуација и моментални потреби на оној кој го превзема алтруистичкото  однесување. Во основа на инструменталниот алтруизам се наоѓа тежнението да се помогне на другите и сопствената жртва да се прикаже  поголема одколку што е навистина, како била задоволна една или повеќе моментално незадоволни потреби на поединецот кој помага (излегување од анонимност, престиж, решавање на некои животни проблеми).
И во најновата литература во оваа област се сретнуваме со укажување дека просоцијалното однесување е значајно определено од просоцијалните карактеристики и приридата на ситуацијата во која помагањето се случува. Оние што помагаат и оние што не помагаат се разликуваат во однос на персоналните црти.
             Впрочем потребите и целите како што истакнавме во уводот, се организираат околу личноста на поединецот. Човекот реагира не само на другите поединци туку и на сопствените мисли и на сопствените чувства и така развива сознание за сопственото “ЈАС “.

      Нормите и помагањето

      Социјалните норми можат да имаат влијание за тоа дали луѓето ќе помогнат. Нормите на социјална одговорност  пропишуваат дека луѓето треба да помагаат. Нормите на реципрочност сугерираат дека луѓето треба да им помогнат на оние кои ним претходно им помогнале. Општо заемно, луѓето им помагаат на другите бидејќи имаат очекување базирано на претходно социјално учење или од однесувањето на други дека помагањето е социјално пожелна работа (L. Berkowitz, 1927). Тоа е норминативниот период кој ја нагласува важноста на социјалните норми или правила и интернализираните стандарди како водич. На пример луѓето учат дека се тие претпоставени да помагаат на оној кој од нив е зависен. Кога му помагаме на својот другар да ја поправи слабата оценка ние се однесуваме алтруистички.  Суштината на човековото алтруистичко однесување лежи во неговата потреба за соработка. Дарвин во своето дело “ потекло на водовите “ напишал: заедно сме посилни оддеелно ќе пропаднеме. Тоа се норми на социјална одговорност. Луѓето исто така учат дека се тие претпоставени да им помогнат на оние кои претходно им помогнале. Тоа се реципрочни норми. Но истражувањата покажуваат дека постојат некои ограничувања кои овозможуват социјалните норми за давање помош да се применат во сите ситуации. Луѓето на пример поверојатно ќе помогнат на личност чија завосност е предизвикана од сили вон контролата на личноста (во случај на некои недостатоци или физичка болест) одколку кога зависноста е последица на некои лични слабости (неморалност, дури и ментално болни). Но сепак нормативното објаснивање може да се смета како вродено и релативно за алтруистчкото оденсување.

         Помагање и ползата-штетата

         Што се добива, а што се губи со дадената помош на други! Постојат истражувања кои се обидуваат да го согледаат влијанието на наградата за помошта и како тоа се манифестира. Според анализата на еден модел кој го претставува економскиот поглед на химанистичкото однесување - луѓето се мотивирани и настојуваат да ја макси мизираат користа, а да го намалат губитникот, односно за помала цена да се добие поголема полза. Значи проценката за тоа што се добива, а што се губи е битен момент за одлуката за давање помош. Наградата за дадената помош содржи пари , слава , избегнување вина , себе истакнување, благодарност од страна на жртвата и задоволството што некому му е дадена помош. Некогаш цена за помошта е губење време, вложување напор, опасност, попречување(прекинување) на започнатата активност. Помагањето веројатно ќе се случи кога наградата за помошта е над цената што треба да се поднесе(кога повеќе се добива од колку што се губи). Се што има ниска цена(малку чини) ја зголемува наградата за помошта и ја зголемува подготвеноста на поединецот за помагање. Цената за директна помош содржи и негативни консеквенции што очевидецот може да ги има ако интервенира. Цената на помагање доведува до непријатни чувства и социјално недоразбиране ако очевидецот не и пружи помош на жртвата.   

     

             Според овој модел ситуацијата во која цената на помагањето е висока, а и цената за непомагањето е висока присутниот го става во дилема. Во такви ситуации луѓето често ја редефинираат ситуацијата така што нивната лична инволвираност не се бара. Поделената одговотност е еден начин да се направи тоа. Истражувањата покажуваат дека луѓето најверојатно ќе ја поделат одговорноста кога цената за помагање е висока.

  

              Биолошки основи на алтруистичкото однесување

Човекот е она што е по својата природа, но и она што станува со процесите на социјализацијата (воспитувањето). Според тоа и биолошките и културните фактори се вклучени во алтруистичкото однесување. Биолошкото и културно базираните диспозиции можат да бидат или спротивставени или да се компатабилни. Застапниците на природното добро кај човекот како и застапниците за иманентноста на злото на човековата природа го нагласуваат конфликтот меѓу природното и воспитаното. Тоа е вечното прашање за природата на човекот. Некои истражувања сугерираат дека индивидуалните разлики во помагањето може да се наследни и со тоа создаваат генетски основи на алтруистичка личност, односно дека внатрешната тенденција за помагање е посилна кај некои отколку кај други луѓе и дека помагаат затоа што е нивна внатрешна карактеристика.
           Има две популарни биолошки засновани теории кои се обидуваат да го објаснат алтруизмот и помагањето : теорија на селекција на видот и теорија на реципрочен алтруизам (A. S. Kahl; S. S. Brehm and S. M. Kassin 1993; D. A. Schroeder et al. 1995).
              Првата теорија сугерира дека алтруизмот со поголема веројатност ќе биде насочен спрема блиски, сродни животни, посебно спрема оние со најголема способност за репродукција.
           Тоа илустрира со некои од најдраматичните примери за анималниот алтруизам кои манифестираат себежртвување на родителите за доброто на нивните младенчиња. Според оваа теорија (Kind selection theory) животните покажуваат интерес за благо состојба на други кога се тие дел од заедничко потекло(род).       
           Укажуваме и на сличноста меѓу луѓето како детерминантна на помагањето. Но емпиријата за влијанието на контекстуалните фактори во човековото однесување не може да се занемари (дали поединецот во определена ситуација ќе интервенира со помагање).
           Според теоријата на “ реципрочен алтруизам “ до помагање ќе ти дојде според принципот ако оној кој прима исто така дава (ти почешај ми го грбот мене, а после јас ќе ти го почешам твојот). Според ова гледиште до помагање ќе дојде ако се сретнат два услова
            1.   Цена во однос на ризикот од опасност:
            На пример. Ако се шетате по улица и сте виделе некого на спротивната страна од улицата во колапс, вие ќе бидета подготвени да му помогнете зошто цената заради прекинот на вашите планови е ниска во однос на дадената помош на жртвата (висока). Бенифицијата за потенцијалнот примател е голема. За ниска цена (во однас на моменталниот прекин на вашите планови). Спасувате живот и се ослободувате од непријатности што би ги имале ако не интервенирате. Според некои истражувања во ткави ситации околу 84 проценти од луѓето пружаат помош. Меѓутоа ако истиот настан се случи, но вие знаете дека улицата е минирана нема да помогнете, бидејќи цената е сугурна смрт и е највисока и еднаква на доброто што ќе му се направи на примателот. Вакви испитувања (споредувања) се разбира не се правени.
Вториот услов е дека мора да има висока веројатност дека давателот на помошта ќе биде помогнат од примателот во некоја идна прилика. Така природната селекција ги фаворизира поединците кои имаат тенденција да влезат во реципрочни односи на помагање.
Теоријата на реципрочен алтруизам ни помага да разбереме многу видови давање помош кои типично се случуваат во дневни активности за многу видови животни.
На пример. Кога шимпанзото ќе најде храна предизвикува гласови (сигнали) за да го привлече другите да јадат. А подоцна кога другите шимпанза ќе најдат храна даваат знак на првото шимпанзо кое претходно дало знак за храна. Така низ реципрочност сите се бенифицирани.
   
                Срединските детерминанти на помагањето се крајно силни. Задачата на социјалната технологија е да ги идентификува овие околности во кои помагањето се случува или не се случува и да се објаснат критичните детерминанти кои влијаат врз ова значајно човеково однесување. Како и со многу појави во човековото однесување комбинацијата и интеракцијата на двата фактора - хередираноста и средината изгледа се инволвирани во помагањето. Мотивот за помагањето вели Хорман има еволуција преку природната селекција, но дури и да е биолошки заоснован тој е сензитивен на срединските влијанија. Биолошките механизми можат да го предиспонираат поединецот за акција, но како личноста вистински ќе реагира е определено од минатото искуство како и од непосредните околности.

                                                 Заклучок

   Малку маста има во светот во кои луќето се однесуваат неалтруистички.
            Голем број психолози експериментално го испитуваат човековото алтруистичко однесување. Со ова доаѓаат до разновидни заклучоци.
            Некои луѓе се однесуваат алтруистички кога се сами или во група, а пак некои обратно.    
                Алтруистичкото однесување го градиме самите, со наша лична совест, ценејќи дали на некого треба да се помогне или не.
            Секој треба да биде свесен за алтруизмот. Со заеднички сили човекот ќе постигне повеќе отколку кога е сам.

Алтруистичкото однесување не значи само обичен збор, туку помагај им на другите, сакај се себеси и секогаш биди хуман.

Дополнителни ресурси:

Defektologija_Net: Има ли агресивното однесување алтернативи
Defektologija_Net: Агресија и агресивност
http://www.ipisr.org.yu/