ЕВРОПСКА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА


Конвенција за заштита на човековите права и основните слободи

Владите потписнички, членки на Советот на Европа,

Имајќи ја во предвид Универзалната декларација за човековите права, која Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои на 10 декември 1948 год.;

Имајќи во предвид дека таа Декларација има за цел обезбедување на универзално и ефективно признавање и почитување на правата утврдени со неа;

Имајќи предвид дека целта на Советот на Европа е да постигне поголемо единство меѓу своите членови и дека едно од средствата за постигнување на таа цел представува заштита и почитувањењето на човековите права и основните слободи;

Реафирмирајќи ја својата длабока верба во основните човекови слободи, кои што ги чинат темелите на правдата и мирот во светот, и кои што се најдобро заштитени преку вистинската политичка демократија и заемното разбирање и почитување на човековите права, од кои се зависни;

Решени, како влади на европски земји, со исти стремежи и заедничко наследство на политичка традиција, идеали, почитување на слободата и правната држава, да ги направат првите чекори за колективно гарантирање на определени права утврдени со Универалната декларација.

Се согласија за следното :

Член 1 1-Обврска за почитување на човековите права

Високите договорени страни, на сите лица под нивна јурисдикција, ќе им го обезбедат исполнувањето на правата и слободите во Делот I од оваа Комвенција.

Дел I 1 Права и слобода

Член 2 1 Право на живот

1. Правото на живот на секој човек е заштитено со закон. Никој не смее намерно да биде лишен од живот, освен при извршување на судска пресуда со која лицето е прогласено за виновно за извршување на деликт, санкциониран со ваква казна.

2. Лишувањето од живот нема да се смета за спротивно на овој член доколку настапило како резултат на употреба на апсолутно неопходна сила;

а. при одбрана на било кое лице од незаконско насилие;

б. при законско лишување од слобода или спречување на бегство на лице, притворено во согласност со законот;

в. при законско спречување на немир или бунт.

Член 3 1 Забрана за тортура

Никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување.

Член 4 1 Забрана на ропство и принудна работа

1. Никој не смее да биде држен во ропство или роска зависност.

2.   Никој не смее да биде присилен да вршИ принудна или задолжителна работа.

3. За << принудна или задолжителна работа >>, според овој член, нема да се смета:      

а. секоја работа која редовно се бара од притворените лица, согласно  на одредбите од членот 5 од оваа Конвенција или за време на условниот отпуст од притвор;

б. секоја служба од воен карактер или некоја друга служба наместо задолжително служење на воениот рок, кога се работи за лица кои се повикале на приговор на совеста, а кое важи за оние земји кои тоа го дозволуваат;

в. секоја служба која е наложена во случај на вонредна состојба или неред кој ги загрозува животот и благосостојбата на заедницата;

г. секоја работа или служба која е составен дел на вообичаените граѓански обврски.

Член 5 1 Право на слобода и сигурност

1.  Секој има право на слобода и сигурност . Никој не смее да биде лишан од слобода, освен во законска постапка, во долу наведените случаи:

а.  издржување на казна затвор по осудувачка пресуда на надлежен суд;

б. законско лишување од слобода или притвор поради неизвршување на законски налог на судот или со цел обезбедување на извршување на обврска пропишана со закон;

в. законско лишување од слобода или притвор на лице, со цел негово приведување пред надлежни судски органи, кога постои оправдано сомнение дека тоа лице сторило кривично дело или кога е тоа неопходноза да спрчи извршување на кривично дело или бегство на осомничениот по извршување на кривично дело;

г. притвор на малолетник врз основа на судско решение за воспоставување на воспитна мерка или поради негово приведување пред надлежен судски орган;

д. притвор со цел да се спречи ширењето на некоја заразна болест, на ментално оболени лица, алкохоличари, токсикомани или скитници;

ѓ. Законско лишување од слобода или притвор на лице, со цел да се спречи негово илегално влегување во земјата или против кое се води постапка за негово протерување или екстрадиција.

2. Секој кој е лишен од слобода веднаш ќе биде известен, на јазикот што го разбира за причините поради кои е лишен од слобода и за сите обвиненија против него.

3. Секој кој е лишен од слобода или притворен согласно на одредбите од ставот 1 в. од овој член навремено ќе биде изведен пред судија или друго службено лице овластено со закон да ја врши судската власт, ќе има право да му биде судено во разумен рок или да биде пуштен(а) на слобода во текот на судската постапка. Пуштањето може да се услови со барање на гаранција дека лицето ќе се појави на судењето.

4. Секој кој е лишен од слобода или притворен има право да изјави желба, по која судот ќе одлучи во најкус можен рок и ќе нареди негово ослободување, доколку лицето било незаконски притворено.

5. Секој кој бил жртва на лишување од слобода или притвор спротивано на одредбите од овој член ќе има остварливо право на обештетување.

Член 6 1 Право на правично судење

1. Секој, при определување на неговите граѓанските права и обврски или кога е кривично гонет, има право на правично и јавно судење во разумен рок, пред независен и непристрасен трибунал основан со закон. Пресудите ќе се изрекуваат јавно, но печатот и јавноста може да се исклучат во дел или во целиот тек на постапката заради заштита на моралот, јавниот ред или националната безбедност на едно демократско општество, потоа, кога заштитата на интересите на малолетен престапник или приватниот живот на странките во постапката тоа го наложува, или кога судот го смета тоа за стрикно неопходно, кога постојат посебни околности, при кои јавноста на постапката би можела да им наштети на интересите на правдата.

2. Секој кривично обвинет ќе се смета за невин се додека не се докаже дека е виновен во согласност со законот.

3. Секој кривично обвинет ќе ги има следниве минимални права:

а. да биде веднаш детално известен, на јазикот што го разбира, за природата и основата на обвинението против него;

б. да има доволно време и адекватни услови за да ја подготви својата одбрана;

в. да се брани самиот или од страна на бранител по свој избор, или доколку не располага со средства за бранител, да добие бесплатен службен адвокат кога интересите на правдата тоа го бараат;

г. сам да ги сослуша или да овласти некој друг да ги сослуша сведоците кои што го теретат, како и да обезбеди присуство и сослушување на сведоци во своја полза, под истите услови кои важат за сведоците што го теретат;

д. бесплатно да добие преведувач доколку не го разбира или не го зборува службениот јазик на судот.

Член 7 1 Нема казна без закон

1. Никој нема да се смета за виновен за било кое кривично дело, сторено со чинење или пропуштање на дејствие, кое во времето на извршувањето не претставувало кривично дело ни според домашните, ни според меѓународните прописи. Ниту пак, ќе се изрече потешка казна од онаа која била пропишана во времето кога кривичното дело било изврсено.              

2. Овој член нема да се применува во однос на постапката и казната изречена на било кое лице, за било кое чинење или воздржување од дејствие, кое во времето кога е сторено, претставувало кривично дело според општите правни принципи признати од страна на цивилизираниот народ.

Член 8 1 Право на почитување на приватниот и семејниот живот

1. Секој има право на почитување на неговиот приватен и семен живот, домот и преписката.

2. Нема да постои никакво мешање од страна на јавната власт при остварувањето на ова право, освен во согласност со законот и доколку е тоа неопходно во едно демократско општество за заштита на националната безбедност, јавната сигурност или економската благосостојба во земјата, за спречување на немири или извршување на кривично дело, за заштита на здравјето и моралот, или за заштита на правата и слободите на другите.

Член 9 1 Слобода на уверување, совест и религија

1. Секој има право на слобода на уверување, совест и религија, вклучувајќи го и правото на промена на религијата или уверувањето: и слободата да сам или во група, во јавност или приватно, ја изрази својата религија или убедување, преку почитување, поучување, богослужба и обред.

2. Слободата на изразување на религијата или убедувањето може да се ограничи само со закон и доколку е тоа неопходно во едно демократско општество во интерес на националната безбедност, јавната сигурност, здравјето или моралот или за заштита на правата и слободата на другите.

Член 10 1 Слобода на изразување

1. Секој има право на слобода на изразување. Ова право ја вклучува слободата на сопствено мислење и примање и пренесување на информации или идеи без било какво мешање на јавната власт и без оглед на државните граници. Овој член не ги спречува државите да доделуваат лиценци за работа на претпријатијата за радииодифузија, телевизиски пренос и кината.

2. Остварувањето на овие слободи, бидејќИ со себе носи и одговорност, може да се подложи на формалности, услови, рестрикции или казни определени со закон и неопходни во едно демократско општество, во интерес на националната безбедност, територијалниот интегритет или јавната сигурност, за заштита од немири или кривично дело, на здравјето или моралот, репутацијата или правата на другите, за заштита од откривање на доверливи информации или за одржување на авторитетот И непристраноста на правосудството.

Член 11 1 Слобода на собирање и здружување

1. Секој има право на слободно, мирно собирање и здружување со други, вклучувајќи го и правото да основа и да стане член на синдикат за да ги заштити своите интереси.

2. Остварувањето на овие права може да се ограничи само со закон и само доколку тоа е неопходно во едно демократско општество, во јавната сигурност, за спречување на неред или кривично дело, за заштита на здравјето и моралот или за заштита на правата и ослободите на другите. Овој член не го спречува поставувањето на законски ограничувања за припадниците на вооружените сили, полицијата или државната администрација.

Член 12 1 Право на брак

Од моментот кога ќе станат способни за брак, мажот и жената имаат право да склучат брак и да создадат семејство според домашното законодавство кое ја утврдува оваа материја.

Член 12 1 Право на ефективен лек

Секој чии права и слобода определени во Конвенцијата се повредени ќе има ефективен лек пред домашните органи, без оглед на тоа што повредата била сторена од лица кои вршеле службена должност.

Член 14 1 Забрана на дискриминација

Уживањето на правата и слободите, признати со оваа Конвенција, ќе се обезбеди на сите без дискриминација, без оглед на пол, раса, боја на кожа, јазик, религија, политичко или друго уверување, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, сопственост, род или друг статус.

Член 15 1 Дерогација во време на вонредна состојба

1. Во случај на војна или општа опасност, која го загрозува опстанокот на нацијата, секоја од Високите страин договорнички може да преземе мерки со кои ќе ги дерогираме своите обврски предвидени со оваа Конвенција, во обем кој што стрикно го наложува ситуацијата и под услов таквите мерки да не бидат во спротивност со другите обврски кои што произлегуваат од меѓународното право.

2. Под оваа одредба не се дозволува никаква дерогација од член 2, освен во случај на смрт настаната како последица на дозволени воени активности, ниту пак од членовите 3,4 (став 1) И 7.

3. Секоја од Високите страин договорнички која го користи ова право на дерогација е е должна исцрпно да го информира Генералниот секретар на Советот на Европа за мерките кои што ги презела и причините за тоа. Исто така, ќе го информира Генералниот секретар на Советот на Европа за престанокот на примената на тие мерки и за повторно целосно важење на Конвенцијата.

Член 16 1 Ограничување на политичката активност на странците

Ниедна одредба од членовите 10, 11 и 14 нема да се смета како забрана за Високите договорни страин да наметнат ограничувања на политичките активности на странците.

Член 17 1 Забрана за злоупотреба на правата

Ниедна одредба од Конвенцијата нема да се толкува на начин кој имплицира право на една држава, група или лице, да се вклучи во некоја активност или да изврши некој акт со цел да се уништи било кое од правата и слободите определени со Конвенцијатаили нивно лимитирање во поголем опсег од оној предвиден со Конвенцијата.

Член 18 1 Рестриктивна употреба на ограничувањето на правата

Дозволените ограничувања за споменатите права и слободи согласно оваа Конвенција ќе се применуваат само за целите за кои што се пропишани.

 

Дел II 2 Европски суд на човековите права

Член 19 Основање на судот

Со цел да се обезбеди почитување на обврските од Конвенцијата и нејзините протоколи, преземени од страна на Високите договорни страин, ќе се основа Европски суд за човековите права ( во понатамошниот текст насловен како << Суд >>). Тој ќе функционира на перманентна основа.

Член 20 Број на судии

Број на судиите во Судот ќе биде еднаков на бројот на Високите договорните страин кои ја потпишале Конвенцијата.

Член 21 Услови за вршење на функција

1. Судиите ќе имаат висока морална карактеристика и неопходни квалификации за вршење на високи судски функции или ќе бидат признати правни советници.

2. Судиите самостојно, во свој сопствен капацитет, ќе делуваат во Судот.

3. Во текот на мандатот, судиите нема да се занимаваат со активности кои се некомпатибилни со барањата за нивна независност, непристрасност или барањето да се работи со полно работно време; Судот ќе одлучува за сите прашања кои ќе произлезат од примената на овој став.

Член 22 Избор на судии

1. Судиите, од секоја Висока доворна страна, ќе бидат избрани од страна на Парламентарната Асамблеа, со мнозинство на гласови, од листа на три кандидати предложени од соодветната Висока договорна страна.

2. Истата постапка за пополнување на Судот ќе се примени во случај на прием на нови Високи договорни страин или за пополнување на испразнето место.

Член 23 Времетраење на мандатот

1. Судиите ќе бидат избрани за време од шест години со право на реизбор. Сепак, мандатот на половина од вкупниот број на судии избрани при првиот избор ќе заврши после три години.

2. Судиите, чии мандат ќе заврши после третата година, ќе бидат извлечени со ждрепка од страна на Генералниот секретар на Советот на Европа, веднаш по нивниот избор.

3. Со цел да се обезбеди, во рамките на можното, обновување на мандатот на половина од судиите на секои три години, Парламентарната Асамблеа може да одлучи пред секој натамошен избор, да го модифицира времетраењето на шестогодишниот мандат на еден или повеќе судии кои ќе треба да се изберат, со тоа што нивните мандати нема да траат подолго од девет, ниту пократко од три години.

4. Во случај кога се работи за повеќе мандати и кога Парламентарната Асамблеа го применувапретходниот став, распределбата на мандатите ќе се врши со влечење на ждрепка од страна на Генералниот секретар на Советот на Европа, веднаш по изборите.

5. Судијата избран на местото на судијата, чиј мандат се уште не истекол, ќе го доврши мандатот на својот претходник.

6. Мандатот на судиите ќе заврши кога тие ќе наполнат 70 години.

7. Судиите ќе останат на функција се додека не добијат замена. Тие, сепак, ќе продолжат да работат на предметите што веќе ги започнале.

Член 24 Отповикување

Судијата неможе да биде отповикан од функцијата, освен во случај кога другите судии ќе одлучат, со двотретинско мнозинство на гласови, дека тој / таа веќе не ги исполнува бараните услови.

Член 25 Секретаријат и правни секретари

На Судот ќе му стои на располагање Секретаријат, чии што функции и организација ќе бидат утврдени со Правилникот на Судот. Судот ќе има на располагање и правни секретари.

Член 26 Пленарен суд

Судот во полн состав:

а. го избира својот претседател и еден или двајца потпредседатели за време од три години со право на ре-избор;

б. ги утврдува судските совети ( Цхамберс ) основани за фиксно определено време;

в. ги избира претседателите на судските совети со право на ре-избор;

г. го усвојува Правилникот на Судот; и

д. го избира Генералниот секретар на Судот и еден или повеќе негови заменици.

Член 27 Комитети, Судски совети (Цхамберс ) и Голем судски совет (Гранд Цхамбер )

1. За разгледување на судските предмети, Судот заседава во комитети составени  од тројца судии, во совети составени од седум и во Голем совет составени од седумнаесет судии. Комитетите ќе се формираат од страна на судските совети за фиксно определено време.

2. Судијата, кој е избран од Високата доворна страна засегната со некој спор пред Судот, ќе биде еџ оффицио член на советот или на Големиот судски совет кој ќе го разгледува предметот, доколку нема таков судија или тој / таа не може да присуствува на судењето, Високата договорна страна определува лице кое ќе учествува во својство на судија.

3. Големиот судски совет ќе го вклучи претседателот на судот, потпретседателите, претседателите на судските совети и други судии избрани согласно судскиот Правилник. Кога предметот е доставен до Големиот судски совет согласно член 43, ниеден судија кој учествувал во донесувањето на одлуката на Судскиот совет нема да учествува на Големиот судски совет, освен претседателот на тој судски совет и судијата од засегнатата Висока договорена страна.

Член 28 Декларирање за недопуштеност од страна на комитетите

Комитетот може едногласно да го прогласи барањето за недопуштено или да избрише некое барање, поднесено врз основ на член 34, од својот список на предмети, кога таквата одлука може да се донесе без понатамошно разгледување на предметот. Таа одлука ќе биде конечна.

Член 29 Одлука на судските совети за допуштеност и основаност

1. Доколку не е донесена никаква одлука врз основа на член28, судски совет ќе одлучи за допуштеност и основаност на индивидуалните барања поднесени согласно член 34.

2. Судски совет ќе одлучи за допуштеноста и основаноста на меѓудржавните барања поднесени согласно член 33.

3. Одлуката за допуштеност на барањето ќе се донесе одделно, освен во посебни случаи кога Судот ќе одлучи поинаку.

Член 30 Пренесување во надлежноста на Големиот судски совет

Кога предметот кој треба да се разгледа од страна на некој судски совет поставува сериозни прашања кои ќе имаат влијание врз интерпретацијата на Конвенцијата или нејзините протоколи, или кога одлуката на некое прашање од страна на судски совет може да доведе до неконзистентност со некоја претходна одлука на Судот, судскиот совет може, во било кое време пред да ја донесе својата одлука, да го пренесе предметот во надлежност на Големиот судски совет, освен доколку некоја од страните во спорот не се спротиставени на тоа.

Член 31 Надлежности на Големиот судски совет

Големиот судски совет:

а) одлучува по барањата поднесени врз основ на членовите 33 или 34 во случај на пренесена надлежност согласно членот 30 или кога некое барање е поднесено врз основа на член 43; и

б) ги разгледува барањата за давање на советодавни мислења поднесени врз основа на член 47.

Член 32 Надлежности на судот

1. Судот е надлежен за интерпретација и примена на Конвенцијата и протоколите, кога постои такво барање поднесено до него согласно членовите 33, 34 И 47.

2. Судот одлучува во случај на спор на надлежност.

Член 33 Меѓу-државни предмети

Секоја Висока договорна страна може да се обрати до Судот поради некоја наводна повреда на одредбите на Конвенцијата и протоколите од страна на некоја друга Висока договорна страна.

Член 34 Индивидуални барања

Поединци, невладини организации и групи на лица имаат право да поднесат барање до Судот, доколку се сметаат за жртва на повреда на нивните правата, признаени со Конвенцијата и протоколите, од страна на некоја Висока договорна страна. Високите договорни страин се обврзуваат на никаков начин да не ја спречуваат ефективната примена на ова право.

Член 35 Критериуми за допуштеност

1. Судот може да разгледа едно барање само откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни лекови, согласно на општо прифатените правила на меѓународното право и доколку тоа барање го добие во рок од шест месеци од донесувањето на конечната одлука.

2. Судот нема да допушти разгледување на барање поднесено согласно членот 34, доколку тоа е:

а) анонимно; или

б) кога во основа е исто како некое барање кое што веќе е разгледано од Судот, или поднесено до друга меѓународна или судска инстанца, и кога не содржи нова релевантна информација.

3. Судот ќе го прогласи за недопуштено секое индивидуално барање поднесено согласно членот 34 ако смета дека не е некомпатибилно со одредбите на Конвенцијата или протоколите, ако е неосновано или претставува злоупотреба на правото на жалба.

4. Судот ќе ги отфрли сите барања кои ќе ги оцени како недопуштени врз основа на овој член. Судот е овластен ова да го направи во текот на целата постапка.

Член 36 Интервенција на трета страна

1. Во сите предмети пред некој од Судските совети или пред Големиот судски совет, Високата договорена страна, чии државјанин е барателот, ќе има право да поднесе пишани забелешки И да учествува во расправата.

2. Претседателот на Судот, ако најде дека тоа е во интерес на правилното водење на судската постапка, може да повика било која Висока договорна страна која што не е странка во спорот или било кое лице кое не е барател да поднесе пишани забелешки или да учествува во расправата.

Член 37 Бришење на барање

Во било кој дел од постапката Судот може да одлучи да избише барање од својот список на предмети кога според околностите може да се заклучи дека:

а) барателот нема намера да продолжи со постапката, или

б) спорот е решен, или

в) поради било која друга причина утврдена од Судот, поради која веќе не се смета за оправдано да се продолжи со постапката. Сепак, Судот ќе продолжи со разгледување на барањето, доколку респектот за човековите права, како што е дефиниран со Конвенцијата и протоколите, тоа го бара.

2. Судот може да одлучи повторно да го стави барањето на својот список на предмети, доколку смета дека околностите тоа го бараат.

Член 38 Разгледување на предметот и постапката за пријателско порамнување

1. Кога Судот ќе прогласи некое барање за допуштено, тој:

а) ќе го разгледа предметот, заедно со претставниците на страните во спорот и доколку е тоа неопходно ќе спроведе истрага за чие ефикасно водење, заинересираните држави, ќе ги обезбедат сите потребни услови.

б) ќе се стави на располагање на заинтересираните страин со цел да се обезбеди пријателско израмнување, базирано врз респектот за човековите права, како што е дефиниран со Конвенцијата и протоколите.

2. Постапката спроведна согласно ставот 1.б ќе биде доверлива.

Член 39 Постигнато пријателско порамнување

Кога пријателското порамнување е постигнато, Судот ќе го избрише предметот од својот список, преку донесување на одлука која ќе содржи краток опис на фактите и постигнато решение.

Член 40 Јавна расправа и пристап кон документите

1. Расправата ќе биде јавна, освен кога Судот ќе одлучи поинаку поради исклучителни околности.

2. Депонираните документи во Судот ќе и бидат достапни на јавноста, освен ако претседателот на Судот не одлучи поинаку.

Член 41 Правична отштета

Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на протоколите, и доколку внатрешното право на засегнатата Висока договорна страна овозможува само делумна репарација на штетата, тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели правична отштета на оштетениот.

Член 42 Пресуди на судските совети

Пресудите на судските совети ќе станат конечни согласно одредбите на членот 44, став 2.

Член 43 Пренесување на надлежност на Големиот совет

1. Во рок од три месеци, сметано од денотна кој е донесена пресудата на некој од судските совети, било која од страните во спорот, може да бара предметот да биде разгледан од Големиот судски совет.

2. Одборот од пет судии на Големиот судски совет ќе го допушти барањето, доколку предметот третира сериозни прашања кои влијаат врз интерпретацијата или примената на Конвенцијата или протоколите, или се однесува на некој сериозен проблем од општо значење.

Член 44 Конечна пресуда

1. Пресудата донесена од страна на Големиот судски совет ќе биде конечна.

2. Таа ќе се смета за конечна кога:

а) странките ќе изјават дека нема да бараат нивниот предмет да биде разгледан од страна на Големиот судски совет; или

б) три месеци по денот на донесувањето на пресудата, доколку не се барало предметот да биде разгледан од страна на Големиот судски совет; или

в) кога одборот на Големиот судски совет го одбил барањето, соглсно член 43.

Конечната пресуда ќе биде објавена.

Член 45 Образложение на пресудите и одлуките

1. Пресудите И одлуките со кои барањата се прогласуваат за допуштени или недопуштени, секогаш ќе бидат образложени.

2. Доколку пресудата целосно или делумно не го изразува едногласното мислење на судиите, секој судија ќе има право да го достави своето посебно мислење.

Член 46 Обврзувачка сила и извршливост на пресудите

1. Високите договорни страин се обврзуваат дека ќе се придржуваат кон конечните пресуди на Судот, во сите предмети во кои тие се страин на спорот.

2. Конечната пресуда на Судот ќе се достави до Советот на Министрите, кој ќе го надгледува нејзиното извршување.

Член 47 Советодавни мислења

1. Судот може, на барање на Советот на Министри, да дава советодавни мислења по правни прашања, кои се однесуваат на интерпретацијата на Конвенцијата и протоколите.

2. Овакви мислења нема да се даваат во врска со содржината и обемот на правата и слободите дефинирани во делот И од Конвенцијата и протоколите, или било какво друго прашање со кое Судот или Советот на Министри би можел да се судри, а кое би произлегло од некоја постапка која би можела да се води во согласност со Конвенцијата.

3.Советот на Министри, својата одлука со која се бара советодавно мислење од Судот ќе ја донесе со мнозинство на гласови од страна на претставниците кои имаат право да учествуваат во работата на Советот.

Член 48 Советодавна надлежност на Судот

1. Судот ќе одлучи дали барањето за советодавно мислење поднесено од страна на Советот на Министри е во неговата надлежност согласно членот 47.

Член 49 Образложение на советодавно мислење

1. Советодавните мислења на Судот ќе бидат образложени.

2. Доколку, советодавното мислење, делумно или целосно, не претставува едногласно мислење на судиите, тогаш секој судија ќе има право на посебно мислење.

3. Советодавните мислења ќе бидат доставени до Советот на Министри.

Член 50 Функционални трошоци на Судот

Овие трошоци ќе ги сноси Советот на Европа.

Член 51 Привилегии и имунитет на судиите

За времетраење на нивниот мандат, Судиите ќе ги уживаат привилегиите и имунитет предвидени во член 40 од Статутот на Советот на Европа и спогодбите склучени врз основа на овој член.

 

Дел III 1,2 Општи одредби

Член 52 Испитување од страна на Генералниот секретар

По барање на Генералниот секретар на Советот на Европа, секоја од Високите договорни страин ќе достави неопходно објаснување за начинот на кој во своето домашно право го обезбедува ефикасното остварување на одредбите на Конвенцијата.

Член 53 1 Заштита на постоечките човекови права

Ниедна одредба од Конвенцијата нема да се толкува како ограничувачка или дерогативна за било кое од човековите права и основните слободи, што ќе се обезбеди преку законите на Високите договорни страин или преку некои други договори што таа ги склучила.

Член 54 1 Овластувања на Советот на Министри

Конвенцијата нема да претставува пречка за остварување на овласувањата на Советот на Министрите, утврдени со Статутот на Советот на Европа.

Член 55 1Исклучување на други средства за разрешување на спорови

Високите договорни страин ќе се согласат дека, освен кога постои посебен договор, ќе нема да се користат со меѓународни договори, конвенции или декларации на сила помеѓу нив, со цел за разрешување по пат на доставување на барање, на спорови кои произлегуваат од интерпретацијата или примената на Конвенцијата, со помош на други средства освен оние кои се предвидени во Конвенцијата.  

Член 56 1-Територијална примена

12. Секоја држава, во времето на ратификацијата или подоцна, може да го нотифицира Генералниот секретар на Советот на Европа дека ја декларира својата намера, оваа Конвенција, согласно ставот 4 од овој член, да се применува на сите или на некоја одредена територија за чии меѓународни односи таа е одговорна.

2. Конвенцијата ќе се применува на секоја територија или територии, именувани во нотификацијата, од третиот ден по приемот на нотификацијата од Генералниот секретар на Советот на Европа.

3. Одредбите на оваа Конвенција ќе се применуваат на овие тритории со псебно внимание посветено на локалните услови.

42. Секоја држава која дала декларација согласно ставот 1 од овој член може во било кое време подоцна да декларира од името на една или повеќе тритории на кои се однесува декларацијата, дека ја прифаќа надлежноста на Судот да прима индивидуални барања, невладини организации или група на лица согласно членот 34 од Конвенцијата.

Член 57 1 Резерви

1. Секоја држава, кога ќе ја потпише Конвенцијата или при депонирањето на својот инструмент на ратификација, може да стави резерва во однос на поединечна одредба на Конвенцијата, во обем што било кој закон кој е на територијата не е во согласност со таа одредба од Конвенцијата. Овој член не ги дозволува резервите од општ карактер.

2. Секоја резерва ставена под член ќе содржи краток опис на релевантиот закон.

Член 58 1 Откажување

1. Високата договорна страна може да се откаже од примената на Конвенцијата само по истекот на пет години од денот на која пристапила и по нотификацијата, издадена во рок од шест месеци и адресирана до Генералниот секретар на Советот на Европа, за која тој ќе ги информира останатите Високи договорни страин.

2. Ваквото откажување нема да има за ефект ослободување на Високата договорна страна од обврските преземени со Конвенцијата, во однос на некоја активност која би претставувала повреда на тие обврски И кој би можел да биде извршен пред датата на која откажувањето од Конвенцијата стапило на сила.

3. Било која Висока договорна страна која ќе престане да биде членка на Советот на Европа, ќе престане да биде договорна страна на оваа Конвенција под истите услови.

42. Примената на Конвенцијата може да се откаже, согласно на одредбите од претходниот став, во однос на било која територија, за која е декларирано дека оваа Конвенција ќе се применува, согласно одредбите од член 56.

Член 59 1 Потпис и ратификација

1. Конвенцијата ќе биде отворена за потпиес за членовите на Советот на Европа. Таа ќе подлежи на ратификација. Инструментот за ратификација ќе се депонира кај Генералниот секретар на советот на Европа.

2. Конвенцијата ќе стапи на сила, откако ќе бидат депонирани десет инструменти на ратификација.

3. За следните земји-потписнички на Конвенцијата, таа ќе стапи на сила на денот на депонирањето на инструментот за ратификација.

4. Генералниот секретар на Советот на Европа ќе ги извести останатите членови на Советот на Европа за стапување на сила на Конвенцијата, за имињата на Високите договорни страин кои ја ратифицирале и за депонирањето на инструментите на ратификација кои последователно ќе се ефектуираат. Составено во Стразбург на 22 ноември 1984, на англиски и француски, двата текста се еднакво автентични и во единечна копија ќе останат депонирани во Архивата на Советот на Европа. Генералниот секретар ќе достави сертифицирани копи до секоја страна-потписничка.

ПРОТОКОЛ КОН КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОСНОВНИТЕ СЛОБОДИ

 

Владите потписнички, членки на Советот на Европа,

Одлучени да преземат решителни чекори за обезбедување на колективната примена на одредени права и слободи, освен оние кои се веќе вклучени во делот И од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, потпишани во Рим на 4 ноември 1950 ( во натамошниот текст насловена како “ Конвенција “),

Се согласија на следното:

Член 1 Заштита на сопственост

Секое физичко или правно лице има право на непречено уживање на својата сопственост. Никој нема да биде лишен од својата сопственост освен кога е тоа во јавен интерес и под услови определени со закон и општите принципи на меѓународното право.

Претходните одредби на никаков начин не го спречуваат правото на државата да ги примени оние закони кои се неопходни за да се контролира користењето на сопственоста, согласно на општите интереси или да се обезбеди плаќање на даноците ил други придонеси или парични казни.

Член 2 Право на едукација

Правото на образование не може да му се оспори никому. При извршувањето на своите активности преземени во областа на образованието И наставата, државата ќе го респектира правото на родителите даобезбедат образование И настава согласно на своите верски И филозофски убедувања.

Член 3 Право на слободни избори

Високите договорни страин се обврзуваат да организираат слободни тајни избори во разумни интервали, под услови со кои ќе се обезбеди гласачите да можат слободно да го изразат своето мислење при изборот на законодавното тело.

Член 4 1 Територијална примена

Секоја Висока договорна страна може во времето на потпишувањето или ратификацијата, или во било кое време подоцна, да достави до Генералниот секретар на Советот на Европа, декларација за обемот до кој таа се обврзува, одредбите од овој Протокол да се применуваат на териториите за чии меѓународни односи таа е договорена.

Секоја Висока договорна страна, која доставила ваква декларација согласно претходниот став, може од време на време да доставува други декларации, со кои ќе ги модифицира условите на претходните декларации или со кои ќе престане примената на одредбите на овој Протокол во однос на одредена територија.  

Член 5 Однос со Конвенцијата

Високите договорни страин ќе ги сметаат членовите 1, 2, 3 и 4 од овој Протокол како дополнение на Конвенцијата и сите одредби на Ковенцијата ќе се применуваат соодветно.

Член 6 Потпишување и ратификација

Протоколот ќе биде отворен за потпиес за членките на Советот на Европа кои ја потпишале Конвенцијата; ќе се ратифицира истовремено со Конвенцијата или подоцна. Протоколот ќе стапи на сила по депонирањето на десет инструменти за ратификација. Во однос на секој потписник, кој подоцна ќе го ратифицира Протоколот, тој ќе стапи на сила на денот на депонирањето на инструметот за ратификација.

Инструментите за ратификација ќе бидат депонирани кај Генералниот секретар на Советот на Европа, кој ќе ги нотифицира сите членови за државите кои што го ратифицирале Протоколот.

Составено во Париз на 20 март 1952, на англиски и француски, двата текста се еднакво автентични и во единечна копија ќе останат депонирани во Архивата на Советот на Европа. Генералниот секретар ќе достави сертифицирани копи до секоја страна-потписничка.

 

 

ПРОТОКОЛ Бр.4 КОН КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОСНОВНИТЕ СЛОБОДИ СО КОЈ СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ НЕКОИ ПРАВА И СЛОБОДИ КОИ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО КОНВЕНЦИЈАТА И НЕЈЗИНИОТ ПРОТОКОЛ Бр.1

 

Владите потписнички, членки на Советот на Европа,

Одлучиле да преземат решителни чекори за обезбедување на колективната примена на одредени права и слободи, освен оние кои се веќе вклучени во Делот И од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, потпишани во Рим на 4 ноември 1950 ( во натамошниот текст насловена како “Конвенција “) и во членовите од 1 до 3 од Првиот протоцол на конвенцијата, потпишан во Париз на 20 март 1952,

Се согласија на следното:

Член 1 Збрана на затвор поради долгови

Никој не смее да биде лишен од слобода само поради тоа што не е во состојба да извршИ некоја договорна обврска.

Член 2 Слобода на движење

1. Секој кој законски се наоѓа на територијата на една држава, во рамките на нејзината територија, ќе има право на слобода на движење и на избор на своето место на престој.

2. Секој ќе биде слободен да напушти било која земја, вклучувајќи ја и сопствената.

3. Остварувањето на овие права може да биде предмет само на оние ограничувања кои се предвидени со закон и кои се неопходни во едно демократско општество, во интерес на националната безбедност, јавната сигурност, за одржавање на јавниот ред и мир, спречување на кривично дело, за заштита на здравјето или моралот или за заштита на правата и слободата на другите.

4. Правата, предвидени во ставот 1 можат во определени области, да бидат предмет на ограничувања во согласност со законот, кои ги оправдува јавниот интерес на едно демократско општество.

Член 3 Забрана за протерување на свои државјани

1. Никој не смее да биде избркан од територијата на државата чии државјанин е, било со поединечна или колективана мерка.

2. На никого нема да може да му се забрани правото на влез на територија на држава, чии државјанин е.

Член 4 Збрана за колективно протерување на странци

Колективното протерување на странци е забрането.

Член 5 Територијална примена

1. Секоја Висока договорна страна може во времето на потпишувањето или ратификациата, или во било кое време подоцна, да достави до Генералниот секретар на Советот на Европа, декларација за обемот до кој таа се обврзува, одредбите од овој Протокол да се применуваат на териториите за чии меѓународни односи таа е одговорна.

2. Секоја Висока договорна страна, која доставила ваква декларација согласно претходниот став, може од време на време да доставува други декларации, со кои што ќе ги модифицира условите на претходните декларации или со кои ќе престане примената на одредбите на овој Протокол во однос на одредена територија.

31. Декларацијата направена согласно на овој член ќе се смета за направена во согласност со ставот 1 од член 56 од Конвенцијата.

4. Територијата на било која од државите на кои се применува овој Протокол, било по основ на ратификација или негово прифаќање од страна на таа држава, и на секоја територија на којаовој Протокол се применува согласно декларацијата на таа држава според овој член, за целта на членовите 2 и 3 ќе се смета како посебна територија од онаа на државата.

52. Секоја држава која дала декларација согласно ставот 1 и 2 од овој член може во било кое време подоцна да декларира од името на една или повеќе територии на кои се однесува декларацијата, дека ја прифаќа надлежноста на Судот да добива индивидуални барања, невладини организации или групи на лица согласно член 34 од Конвенцијата.

Член 6 1 Однос со Конвенцијата

Високите договорни страин ќе ги сметаат членовите од 1 до 5 од овој Протокол како дополнение на Конвенцијата од сите одредби на Конвенцијата ќе се применуваат соодветно.

Член 7 Потпишување и ратификација

1. Протоколот ќе биде отворен за потпиес на членките на Советот на Европа кои ја потпишале Конвенцијата; ќе се ратифицира истовремено со Конвенцијата или подоцна. Протоколот ќе стапи на сила по депонирање на пет инструменти за ратификација. Во однос на секој потписник, кој подоцна ќе го ратифицира Протоколот, тој ќе стапи на сила на денот на депонирањето на инструментот за ратификација.

2. Инструментите за ратификација ќе бидат депонирани кај Генералниот секретар на Советот на Европа, кој ќе ги нотифицира сите членови за државите кои што го ратифицирале Протоколот.

Осведочено, долупотпишаните, прописно овластени за ова, го потпишаа Протоколот.

Составено во Стразбург на 16 септември 1963, на англиски и француски, двата текста се еднакво автентични и во единечна копија ќе останат депонирани во Архивата на Советот на Европа. Генералниот секретар ќе достави сертифицирани копи до секоја страна-потписничка.

 

 

ПРОТОКОЛ Бр 6 КОН КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОСНОВНИТЕ СЛОБОДИ ВО ВРСКА СО УКИНУВАЊЕТО НА СМРТНАТА КАЗНА

 

Владите потписнички, членки на Советот на Европа,

Одлучени да преземат решителни чекори за обезбедување на колективната примена на одредени права и слободи, освен оние кои се веќе вклучени во Делот И од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, потпишани во Рим на 4 ноември 1950 ( во натамошниот текст насловена како “Конвенција “),

Имајќи предвид дека развојот на ситуацијата кај поголем број на држави-членки на Советот на Европа изрзува општа тенденција во прилог на смртната казна;

Се согласија на следното:

Член 1 Забрана на смртна казна

Смртната казна ќе се забрани. Никој не смее да биде осуден на таква казна или погубен.

Член 2 Смртна казна за време на војна

Државата може да предвиди смртна казна за дејстија кои се сторени во време на војна или во време на непосредна воена опасност; таквата казна ќе се изрекува само од инстанци предвидени со закон и во согласност со овие одредби. Државите ќе му ги достават релевантните одредби од законот на Генералниот секретар на Советот на Европа.

Член 3 Забрана за дерогација

Никаква дерогација од одредбите на овој Протокол не е дозволена според членот 15 од Конвенцијата.

Член 4 2 Забрана на резерви

Никаква резерва на оваа одредба од Протоколот не е дозволено да се стави според членот 57 од Конвенцијата.

Член 5 Територијална примена

1. Секоја држава може во времето на потпишувањето или депонирањето на своите инструменти за ратификација, прифаќање или одобрување, точно да ја определи територијата или териториите на кои Протоколот ќе се применува.

2. Секоја Висока договорна страна може подоцна да достави до Генералниот секретар на Советот на Европа декларација со која одредбите од овој Протокол ќе се применуваат на точно определена територија. Во однос на таа територија Протоколот ќе стапи на сила првиот ден од месецот по денот на приемот на декларацијата од страна на Генералниот секретар.

3. Секоја Висока договорна страна, која доставила ваква декларација согласно двата претходни става, може да го нотифицира Генералниот секретар за нејзиниот престан. Овој престан ќе стапи на сила првиот ден од месецот по денот на приемот на нотификацијата од страна на Генералниот секретар.

Член 6 Однос со Конвенцијата

Високите договорни страин ќе ги сметаат членовите од 1 до 5 од овој Протокол како дополнение на Конвенцијата и сите одредби на конвенцијата ќе се применуваат соодветно.

Член 7 Потпишување и ратификација

1. Протоколот ќе биде отворен за потпиес за членките на Советот на Европа кои ја потпишале Конвенцијата. Ќе биде предмет на радификација, прифаќање или одобрение. Земја-членка на Советот на Европа нема да може да го ратифицира , прифата или одобри Протоколот, освен ако истовремено или подоцна не ја ратифицирала Конвенцијата. Инструментите на ратификација, прифаќање или одобрување ќе бидат депонирани кај Генералниот секретар на Советот на Европа.

Член 8 Стапување на сила

1. Овој Протокол ќе стапи на сила првиот ден од месецот по кој пет земји-членки ја изразиле својата согласност да бидат врзани со Протоколот согласно одредбите од членот 7.

2. Во однос на секоја држава која подоцна ќе ја изрази својата согласност да биде обврзана со Протоколот, тој ќе стапи на сила првиот ден од месецот по денот на депонирањето на инструментот за ратификација, прифаќање или одобрување.

Член 9 Депонирачки функции

Генералниот секретар на Советот на Европа ќе ги нотифицира членките на Советот на Европа за;

а) секој потпис;

б) секое депонирање на инструментот за ратификација, прифаќање или одобрување.

в) било кој друг акт, нотификација или допис во врска со овој Протокол.

Составено во Стразбург на 28 април 1983, на англиски и француски, двата текста се еднакво автентични и во единечна копија ќе останат депонирани во Архивата на Советот на Европа. Генералниот секретар ќе достави сертифицирани копи до секоја страна-потписничка.

 

ПРОТОКОЛ Бр 7 КОН КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ОСНОВНИТЕ СЛОБОДИ  

Владите потписнички, членки на Советот на Европа,

Одлучени да преземат решителни чекори за обезбедување на колективната примена на одредени права и слободи, освен оние кои се веќе вклучени во Делот И од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, потпишани во Рим на 4 ноември 1950 ( во натамошниот текст насловена како “Конвенција “),

Се согласија на следното:

Член 1 Процедурална заштита која се однесува на протерување на странци

1. Странец кој законски престојува на територијата на една држава не може да се протера од нејзината територија, освен кога се работи за извршување на одлука донесена во согласност со законот, при што тој има право:

а) да изнесе причини против таквото негово протерување;

б) неговиот случај да се преиспита;

в) за овие цели да биде застапуван пред надлежен орган или пред лице назначено од тој орган.

2. Странец може да се протера пред да ги оствари правата согласно ставовите 1.а,б, и в од овој член, кога таквото протерување е неопходно во интерес на јавниот ред или националната безбедност.

Член 2 Право на жалба во кривични дела

1. Секој кој е осуден за кривично дело од страна на трибуналот ќе има право неговото осудување или казна да биде разгледано од повисок трибунал. Остварувањето на ова право, вклучувајќи ги неговите основи, ќе се регулираат со закон.

2. Ова право подлежИ на исклучоци во однос на помали прекршоци предвидени со закон или кога случајот на осуденикот бил разгледан од највисокиот суд како суд од прва инстанца, или тој бил осуден по вложена жалба против неговоте ослободување.

Член 3 Компензација за неправедно осудување

Кога лицето со конечна одлука било огласено за виновно за извршување на кривично дело, а потоа е ослободен од обвинението или е помилуван, по основ на нов или новооткриени факти кој конклузивно укажал дека се работи за неправедно извршување на правдата, лицето кое што ја издржувало казната како резултат на таквата пресуда, ќе треба да се компензира согласно на законот или практиката на засегнатата држава, освен ако не се докаже дека самото лице, во целост или делумно, допринело кон непознатите факти навремено да се откријат.

Член 4 Право да не се биде судден или осуден двапати за исто дело

1. Никој неможе да биде изведен пред суд или осуден повторно во кривична постапка во надлежност на иста држава за кривично дело за кое е ослободен од обвинението или пак осуден, согласно законот или кривичната постапка на таа држава,

2. Одредбите од претходниот став не го спречуваат повторното отварање на постапката  согласно на законот и кривичната постапка на засегнатата држава, доколку постојат нови или новооткриени факти, или доколку е направен биттен пропуст во текот на претходната постапка, кој влијаел врз пресудата.

3. Не е дозволена дерогација од овој член, според членот 15 од Конвенцијата.

Член 5 Еднаквост меѓу сопрузите

Сопружниците ќе имаат еднакви права и одговорности од приватно-правен карактер во меѓусебните односи и односите со своите деца, во врска и во тек на бракот и евентуалниот развод. Овој член не ја спречува државата од преземање на неопходни мерки во интерес на децата.

Член 6 Територијална примена

1. Секоја држава може во времето на потпишувањето или на депонирањето на своите инструменти на ратификација, прифаќање или одобрување, точно да ја определи територијата или триториите и опсегот до кој овој Протокол ќе се применува.

2. Секоја Висока договорна страна може подоцна да достави до Генералниот секретар на Советот на Европа декларација со која одредбите од овој Протокол ќе се применуваат на точно определена територија. Во однос на таа територија Протоколот ќе стапи на сила првиот ден од месецот, по истекот на два месеца, од денот на приемот на декларацијата од страна на Генералниот секретар.

3. Секоја Висока договорна страна, која доставила ваква декларација согласно двата претходни става, може да го нотифицира Генералниот Секретар за нејзината измена или престанок. Оваа измена или престанок ќе стапи на сила првиот ден од месецот, по истекот на два месеца, од денот на приемот на нотификацијата од страна на Генералниот секретар.

42. Декларацијата направена согласно на овој член ќе се смета за направена во согласност со ставот 1 од членот 56 од Конвенцијата.

5. Територијата на било која од државите на кои се применува овој Протокол, било по основ на ратификација или негово прифаќање од страна на таа држава и на секоја територија на која овој Протокол се применува согласно декларацијата на таа држава според овој член, за целта на членот1, ќе се смета за посебна територија од таа на државата.

62. Секоја држава која дала декларација согласно ставот 1 и 2 од овој член може во било кое време подоцна да декларира од името на една или повеќе територии на кои се однесува декларацијата, дека ја прифаќа надлежноста на Судот да прима индивидуални барања, од невладини организации или групи на лица согласно членот 34 од Конвенцијата, во врска со членовите од 1 до 5 од овој Протокол.

Член 7 2 Однос со Конвенцијата

Високите договорни страин ќе ги сметаат членовите од 1 до 6 од овој Протокол како дополнение на Конвенцијата и сите одредби на Конвенцијата ќе се применуваат соодветно.

Член 8 Потпишување и ратификација

1. Протоколот ќе биде отворен за потпиес за членките на Советот на Европа кои ја потпишале Конвенцијата. Ќе биде предмет на радификација, прифаќање или одобрение. Земја-членка на Советот на Европа нема да може да го ратифицира , прифата или одобри Протоколот, освен ако истовремено или подоцна не ја ратифицирала Конвенцијата. Инструментите на ратификација, прифаќање или одобрување ќе бидат депонирани кај Генералниот секретар на Советот на Европа.

Член 9 Стапување на сила

1. Овој Протокол ќе стапи на сила првиот ден од месецот по истекот на два месеца, по денот на кој седум земји-членки на Советот на Европа ја изразиле својата согласнос да бидат врзани со Протоколот согласно одредбите од членот 8.

2. Во однос на секоја држава која подоцна ќе ја изрази својата согласност да биде обврзана со Протоколот, тој ќе стапи на сила првиот ден, по истекот на два  месеца, по денот на депонирањето на инструментот за ратификација, прифаќање или одобрување.

Член 10 Депонирачки функции

Генералниот секретар на Советот на Европа ќе ги нотифицира членките на Советот на Европа за;

а) секој потпис;

б) секое депонирање на инструментот за ратификација, прифаќање или одобрување.

в) било кој друг акт, нотификација или допис во врска со овој Протокол.

Составено во Стразбург на 22 ноември 1984, на англиски и француски, двата текста се еднакво автентични и во единечна копија ќе останат депонирани во Архивата на Советот на Европа. Генералниот секретар ќе достави сертифицирани копи до секоја страна-потписничка.

БЈР МАКЕДОНИЈА ( превод )

Резерва содржана во инструментот на ратификацијата, депониран на 10 април 1997:

“ Согласно членот (57) од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, Република Македонија ја направи следнава резерва во однос на правото гарантирано со членот 2 од Протоколот на горенаведената Конвенција:

Согласно членот 45 од Уставот на Република Македонија, правото на родителите да обезбедат образование и настава за своите деца во согласност со своите религиозни и филозофски убедувања не ќе може да се оствари преку сѕстем на приватно основно образование во Република Македонија.

Членот 45 од Уставот гласи:

“ Граѓаните имаат право да остварат приватни училишта за сите степени на образованието, освен за основното школство, во согласност со законот”.