Демократија

Вовед

Демократијата претставува еден од постојните три вида на политички режими :

·         Демократски - кога е обезбедно правото на учество на народот во одлучувањето за државни работи и кога се почитуваат и обезбедуваат човековите права;

·         Автократски - кога управувачката функција во општеството е сосредоточена во рацете на едно лице или мала група на луѓе;

·         Тоталитерен - кога не се признаваат или значително се ограничуваат правата и слободите на личноста и кога е под строг и целосен надзор севкупниот општествен живот;

Додека првиот е својствен за државите со долга демократска традиција и во кои реално е воспоставено граѓанското (цивилно) општество, како противтежа и ограничувачки фактор во спрчувањето на носителите на државната власт да не се наметнат над општеството, автократскиот и тоталитарниот политички режим (како и бројни други со истите основни карактеристики), едноставно можат да се наречат недемократски, односно апсолутистички. Демократскиот политички режим, најкратко речено, се засновува врз следниве суштински својства :

·         власт на мнозинството;

·         слобода врз критиката и опозиција на власта;

·         заштита на малцинствата;

·         лојалност на малцинствата спрема државната власт;

Ако се оцени дека меѓусебните односи на составните основни агенси на политичкиот режим - личноста  и државата - се поставени на основата на нераскинливите меѓусебни врски и , исторемено, се уважуваат главните начела така што секој од овие два субјекта дејсвува во политиката како два различни и меѓусебно поврзани и  условени пола, тогаш е јасно дека станува збор за демократски политички режим.
Во неговите рамки е обезбедено соодветна независност на двете сили. Човекот , личноста има солиден фонд средства за влијание врз државата , на пример , учество на избори, критика, самоуправа, прифаќање на законите и други кои , воопшто не ги сретнуваме во недемократските политички режими.Државата тука се потпира на активната подршка на граѓаните користејќи ги сите нивни предлози, забелешки, иницијативи за да обезбеди што поуспешен развиток и дејствување на институциите на системот.
Сосема спротивен случај имаме кај недемократските политички резими.Тука не постои никаков однос мегу човекот како поединец и дрзавата. Поединецот едноставно се гризи да ја обезбеди личната егзистенција; тој е оддалечен и спротивставен на социјалниот живот кој, во целост е управуван со акти на механизмот на државната власт.
Таквиот политицки режим постои и функционира без човекот кој е ставен во државата. Таквата навидум силна држава се показува во практиката сосема неспособна да влијае врз решавањето на стварните животни отворени прашања. Дури и повеќе, таа е фактор што придонесува за задушување и умртвување на општествената стварност. Заемниот однос меѓу човекот и државата се смета за непотребен и непожелен.
Демократскиот политички режим е организација на легална и врз закон потпрена власт која постојано е под контрола на општеството. Таа функционира врз основа на познати и од општеството прифатени начела, има јасни цели и е способна да го помага остварувањето на заедничките и основните човекови интереси.

 
 Демократија

Демократијата спаѓа во редот на оние големи политичко правни етичко филозовски и социолошки појави кои одсекогаш го привлекувале вниманието на научници од речиси сите општествено хуманитарни области. Секој од нив низ своја призма ја анализира и ја објаснува демократијата. Затоа и не е случајно што во утврдувањето на поимот демократија речиси редовно има настојувања на една или друга суштинска содржина или на некоја особеност што земено во целина го усложува нејзиното значење. Од друга страна, поради големото политичко значење и филозофски идеолошката природа на оваа појава демократијата, демократијата и  отсекогаш претставувала поле на разни противречности и недоразбирања.
Етимолошки поимот демократија потекнува од сложенката на старогрчките зброви демос, и кратеон, или народ и владее. Во практиката  со оглед на тоа што ни досега ни во иднина не може да се слуи целиот народ да владее тоа владеење се изедначува со власта на мнозинство.
Демоктатијата како критериум за разликување на облиците на политичкиот режим, го зема за предвид учеството на народот во извршувањето на државната власт. Според тоа ако се рече дека демократски политички режим е оној каде што целиот народ учествува во извршувањето на државната власт тогаш доаѓаме до своевидна противречност до го одрекуваме постоењето на државата колку и да е таа демократски организирана. Имено, ако целиот народ владее тогаш државата не ни е потребна бидејки нема над кого да се извршува јавната власт.
Денес за демократијата повеќе се зборува како претставнички облик за владеење наместо како начело на организација. Изворното сфаќање на демократијата како власт на народот односно мнозинството на народот речиси е напуштено. Во современите општесва широко распространети и со многумилионско население господари претставничката демократија така што и самиот поим демократија се сведува речиси на можноста на народот посредно или непосредно според однапред правно утврдена постапка да ги избира и да ги отповикува највисоките претставнички и политичко/извршни органи на власта. Во моделот на современата претставничка демократија  поимот демократија се користи како синоним за одговорна и менлива влада која на власт доаѓа по пат на слободни и повеќепартиски избори. Слободните избори пак подразбираат низа од политички слободи и права на граѓанинот без кои не може да се замисли современиот политички живот. Од своја страна пак слободното обликување на политичкото мислење безусловно бара слобода на свеста, на вероисповеста, на научно, уметничко и секаков друг вид на творештво, на образование, на збор и јавно искажување на сопственото мислење,на критика на државните органи,  како и на други права и слободи без кои не може да се омисли и да се обликува слободното политичко мислење на граѓанинот,  основниот предуслов за неговото здраворазумно пристапување кон една или друга политичка опција и да остварува,  заедно со другите истомисленици определени политички цели.

 Видови на демократија

Во основа, во правно политичката теорија се зборува за два вида на демократија : посредна и непосредна. Како критериум за ваквата поделба служи начинот на кој демократијата се остварува. Имено ,станува збор за тоа дали власта сета или само дел се изведува директно од народот или тоа се прави во името на народот. Во првиот случај самиот народ непосредно ја извршува власта, а во вториот случај власта во државата ја остваруваат неговите избрани претставници.

 Посредна демократија

Посредната демократија означува извршување на власта преку претставништво. Претставништвото се обликува преку избраните претставници, пратеници од страна на народот. Таквото претставништво врз основа на легитимно спроведените избори во името на народот ја извршува власта и донесува одлуки.
Правото на кандидирање на народни пратеници во претставничките тела во современите држави речиси целосно е монополизирано од политичките партии; од надвор доаѓаат независни кандидати кои можат да бидат предлагани и од група на граѓани, односно определен број на граѓани со право на глас.
За дејствувањето на посредната претставничка демократија од суштинско значење е прашањето како да се постави статусот на избраните народни претставници, односно на претставничкото тело и како да се организираат односите на претставништвото и претставуваните. Претставиштвото во себе секогаш крие опасност од алиенција(отуѓување) која може да биде голема кога не постојат соодветни институционални инструменти и политичка клима за да се сведе оттуѓувањето на најмала мера.
Една од процедуралните можности за решавање на ова прашање, односно, за воспоставување на точно определени односи меѓу претставуваните (избирачите) и избраните претставници е воведувањето на правниот институт - мандат. Во теоријата за претставничка демократија се познати два вида: претставнички и императивен мандат.
При постоење на чисто претставнички мандат, претставниците не се одговотни за својата работа пред избирачите за времетраење на периодот за кој се избрани. Тоа значи  дека за своите политички постапки надвор и во претставничкото тело не се должни да поднесуваат сметка, а не можат да бидат ни отповикани пред истекот на мандатот за кој се избрани.
Во услови на постоење на императивен мандат  сосотојбата е токму спротивна. Имено еднаш избраните претставници се должни постојано да даваат извештај за својата работа пред избирачите во својата работна единица. Тие, значи се одговорни пред своите избирачи за својата работа во претставничкото тело за сето време додека им трае мандатот и во текот на мандатот можат да бидат отповикани.
Секој од овие два вида на мандат има добри и лоши страни. Претставничкиот мандат претставништвото го прави избрниот народен претставник целосно независен од електоратот (избирачкото тело) и ако нема амбиција,низ постојани контакти со своите избирачи да им се претстави во добро светло за да му доверат повторно мандат,тој нема никакви правно формулирани обврски спрема својата изборна единица.Во овој случај,добрата страна е во тоа  што народниот представник  е слободен во својата иницијатива да соработува со кого било во преставничкото тело и надвор од него, да се определува  и да одлучува според  сопствена волја  и свест. На тој начин ,нему му се овозможува да не биде врзан за некои барања и  иницијативи на својата изборна единица за кои самаот  ќе процени дека се привремени или од чисто локално знаење  и дека не придонесуваат за согледувањето и  решавањето  на оние проблеми кои се значајни и  заеднички и за другите изборни единици.
Добрата страна на императивниот мандат се состои во тоа што избраниот претставник  повторно е во позиција да биде контролиран  од избирачите во својата изборна единица, редовно да соработува со нив и заедно со нив да ги обликува  прашањата и проблемите кои задолжително треба да ги изнесува  и за нив да се застапува во претставничкото тело.  Ваквата обврска за претставникот  е институционализирана, што значи дека избирачите, во случај да бидат незадоволни  од начинот на кој нивниот претставник ги застапува во преставничкото тало, секогаш можат да го отповикаат.  Кај овој мандат претставникот, сакал или не, е должен да живее со секојдневните проблеми на избирачите од својата изборна единица.
Лошата страна на претставничкиот мандат е во тоа што народниот претставник со самото тоа што инсттуционализирано не е врзан  за својата изборна единица,  тој и не е должен секогаш  да има разбирање за нивните интереси. Тој дури под мотивација дека нивните интереси не се во согласност со заедничките интереси, односно со општествениот интерес на целата заедница,може да ги застапува, наместо автентичните интереси на своите избирачи, лично своите или групните интереси. Кај императивниот мандат, пак, го имаме спротивното. Избраниот претставник, со тоа што институционализирано е врзан за избирачите, не може да се оттргне од големата империја, односно, од проблемите значајни на локално рамниште; или, иако свесен за овој недостаток, не ќе може ниту ше смее да има разбирање за проблеми на другите, односно за пошироките општествени интереси без да ја има согласноста на изборната единица. На овој начин речиси целосно се умртвува неговата иницијатива, флексибилност, динамичност, со што и самото преставничко тело станува тромо, непродуктивно и неефикасно теко кое постојано ќе заостанува зад општествената стварност.
Практиката покажува дека изнаоѓањето мерка меѓу овие два вида на мандат со која ќе се отстранат крајностите и ќе се воспостави сразмерна рамнотежа, е тешка работе. Притоа, најважно е ни за миг да не се изгуби од вид дека избраните претставници застапуваат некого, а не самите себе, и оти преставничкото тело треба да има можност максимално да ја развива својата иницијатива и ефикасно да може да ги решава проблемите; зошто, конечно, тоа е преставник на целата општествена заедница.
Прашањето на мандатот е прашање на изборниот систем. Во Република Македонија, според Уставот во чл. 62 ст. 4, е прифатен претставничкиот мандат.
 

  Основни илустрации на либерално-претсатвничка демократија

Основни институции на либерлно - претставничката демократија се слободните избори и претставничко тело (парламент, односно собрание).
Слободните избори претставуваат основен столб на оваа демократија. Слободните избори се засновват врз правото на глас за сите граѓани, државјани, кои се појавуваат во својство на избирачи. Всушност , ова право  овозможува граѓаните поделени по изборни единици да одлучат кој поединец  или политичка партија во определен мандат ќе ја добие довербата на мнозинството и ќе стане народен пратеник. Постои активно и пасивно избирачко право.Во првиот избирачки случај граѓанинот има право  непосредно да учествува во изборот на народни претставници, додека во вториот случај, бирачкото право претставува право на граѓанинот да биде биран за претставник.
И активното и пасивното избирачко право може да биде општо или ограничено.За општо право на глас зборуваме тогаш кога сите полнолетни и душевно здрави државјани на една земја имаат изборно право.За ограничено избирачко право зборуваме кога од различни причини сите граѓани немаат право на глас

  Непосрердна демократија

Под непосредна демократија подразбираме таков вид на политички режим во кој при извршувањето на определена власт  не постојат посебно избрани органи и народни претставници туку народот сам одлучува.
Во модерната држава, непосредната демократија , за разлика од посредната има далеку помало занчење и помал обем. Пред с
é тоа се должи на:

·         општествени причини;  за постоење на  непосредна демократија потребно е исполнување потребен број предуслови од социјална, економска, културна, образовна, психолошка идруга природа;

·         технички и физички причини;  големината на територијата и бројноста на населението во една современа држава. Мултиплицираното зголемување на прашањата што барааат ефикасен и правоврермен полтички одговор, не го дозволува арбитрирањето на големо изборно тело на целиот електорат во државата;

·         Стручни причини;  во сверата на политиката се содржани најзначајните и најсуптилните прашања од општествениот живот кои нужно барааат определено политичко знаење и соодветна стучност

·         Програмски и целосообразни причини;  државниот механизам колку често и да преминува од рацете на една во рацете на друга политичка партија  и меѓу нив да постојат дијаметритрални разлики - во основа во однос на главните политички цели треба да се зачува еден континуитет; спротивно би значело градење и  разградување на живиот полтички организам на општеството од едни избори до други. Таа способност и тој квалитет го нема кога е во прашање  целината на изборното тело.

Можеме да заклучиме дека непосредната демократија не е многу подобна кога е во прашање  осмислувањето на политичкиот лик на една современа држава. Навистина, непосреднно - демократскиот облик на одлучување е обележје на старовековниот и  хеленискиот облик на демократија, карактеристично при постоење на град - држава. Таа,  на одреден начин е присутна и во рамките на автономниот статус на феудалниот град-република, а е идеал  на многубројните  радикално-револуционерни и реформаторски општествени движења и главната потпора во рамките социјал - утопистичко учење
Во научната литература и публицистика,  исто така,  премногу се зборува и се пишува за предностите на претставничката демократија , а многу малку се посветува внимание на расветлувањето  и објаснувањето на непосредно - демократските облици:  петициите и народната инцијатива, собранието на граѓаните, правото на вето и отповикување, референдумот и слично.
Во досегашната непосредно-демократска практика, меѓу позначајните непосредно демократски облици се спомнуваат:
1. референдумот;
2. собранискиот облик на неосредна демократија
3. народно-законодавната иницијатива;
4. право на вето и
5. право на отповикување

  Создавање на првата демократија
          Атинска држава


Создавањето на државата кај атинските племиња се случува на повисок степен на развиток и како таков се зема за типичен пример за создавање на државата воопшто. Од една страна се појавува во чист облик без никакво , внатрешно или надворешно насилно мешање, а од друга страна се создава високоразвиен облик на држава, демократска република, непосредно создадена од родовското уредување. Демосот с
é почесто ги истакнувал своите политички барања за учество во власта  па Кралот Солон бил принуден да воведе референдум. Со Солоновите реформи граѓаните учествувале во народното собрание. Со тоа политичкото  општествено уредување добило статус на демокраско општествено уредување.

 Облик на политичкиот систем во Република Македонија
 Систем на парламентарна демократија

Уставот на Р. Македонија на сосема нов начин ги определува основните карактеристики на државноста на Р. Македонија. Имено, според член 1 став 1 на Уставот - Р. Македонија  е суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Во првата алинеја од  преамбулата на Уставот кон овие белези на државата се додава и граѓанскиот карактер на државата. Демократскиот карактер на државата го означува пред сé, основното обележје на политичкиот сѕстем и го опфаќа, во една поширока смисла, обликот на политичкото општество кое ја решава првата цел на човекот - слободата.  Во суштина во политичкиот сѕстем и во демократскиот карактер на државата лежат одредени принципи кои се однесуваат на власта и на политичките односи, на организацијата на државната власт и, воопшто, на политичкиот живот на заедницата. Според ова Р. Македонија е парламентарна демократска република, а највисоко законодавно  и претставничко тело на граѓаните е Парламентот на Р. Македонија - македонското  Собрание, составено од 120 пратеници. Власта е поделена на извршна и судска власт. Извршната власт ја вршат Претседателот  на Републиката, кој се избира на непосредни избори со мандат од пет години, и Владата која ја избира Собранието од редовите на партијата или коалицијата што победила на парламентерните избори. Овие избори се одржуваат на секои четири години. Судската власт ја вршат основните судови, Уставниот суд и Врховниот суд на Р. Македонија. Врховниор суд се избира од Собранието и е највисок судски орган. Уставниот суд, пак ја штити уставноста и законитоста во државата, како и човековите права и слободи.

Дополнителни ресурси:   

http://www.radiostudent.si/topic.php?topic=9
http://www.demokratija.org.mk
http://www.ned.org