Кажаа за вредностите...

“Вредностите се она што ја одредува смислата на човековите активности, она пожелно и идеално кон што се стремат луѓето од одредена култура” (Kale, 1988, 76)

Вредносната ориентација на личноста претставува комплекс од принципи, кои ги средуваат и насочуваат човековите стремежи и мисли (F. Kluckhonn)

Културна вредност е широко прифатено верување, или чувство за она што е важно за идентитетот или благосостојбата на заедницата. Приватноста, индивидуализмот, еднаквоста и слободата се примери на вредности што силно влјаат на начинот на животот на човекот, на тоа од што тој се раководи и што е за него пожелно. На пример, во обидот да воспостави рамнотежа помеѓу благосостојбата на заедницата и правото да се поседува сопственост, некои култури подучуваат на еднаквост на духот. Други, претпочитуваат да ги наградуваат луѓето нееднакво за нееднакви напори и вештини.(Leonard Broom, Philip Selznie, Dorothy Broom, "Sociology", New York,1981) 

Вредности

          Едни од темелните и круцијалните производи на културата, можеби нејзин фундамент, низ кои се пренесуваат главните симболички пораки во најапстрактен вид се вредностите.

Поим за вредности и определба на вредностите

        Вредностите се оние, најчесто широко прифатени и втемелни сознанија и верувања за она што е битно, важно за идентитетот на една заедница односно за нејзино добро. Искажани се во вид на ставови за она што е добро, посакувано и исправно во секојдневниот живот, акциите на човекот,за целите кои него го раководат во неговата егзистинција. Израснуваат спонтано,во текот на заедничкиот живот на луѓето. Меѓутоа со оглед на тоа што се однесуваат на таквите суштински работи како што се : животот на луѓето, нивната личност ( чуството на лично достоинство што во себе ги носи секој човек) на блага што се битни за опстанок на довербата меѓу луѓето и слично, се смета дека нивната природна појава ја овозможуваат несебичните импулси на човекот кои што поттикнуваат на соработка, природна желба за помош на другите, сочуството со нивните радости и жалости.
           Еднаш оформените вредости се одржуваат низ долг временски период. Тие се најтрајниот дел на културата, најотпорен на било какви промени. Оваа трајност меѓу другото резултира од нивната замна сообразност. Тие една со друга се поддржуваат и поттикнуваат. Сепак со текот на времето доаѓа до потполно нивно менување. Тие се менуваат во правец соодветен со постојната општествена состојаба. Да не забораваме дека секое општество има голем број вредности, но сите не се еднакво значајни. Секогаш постојат неколку најзначајни вредности кои што го одредуваат изборот на одновните цели на луѓето. Другите вредности имаат помошна улога и служат за давање поконкретни упатства за начинот на остварување на овие цели:
           Во едно општесво највисока вредност може да има материјалнит успех. Во него високо се цени работливоста, штедливоста и почитувањето на времето. Предност им се дава на одредени начини на потрошувачката, на вложувањата на материјалните блага кои претставуваат основа за понатамошно зголемување на богатсвото итн. Во друго општество пак највисока вредност може да биде традицијата. Во него луѓето се насочуваат кон минатото кое треба да им послужи како основна животна ориентација. Овде луѓето како своја основа цел го имаат зачувувањето на сé она што дотогаш било создадено преку колективниот напор на претходните генерации.

Скалило (рангирање) на вредностите

         Постојат одредени вредности кои сите луѓе ги ценат, а особено здравјето, угледот, приврзаноста, слободата на движење и др. Тоа се т.н. универзални вредности.
             Тие се или предмети за кои луѓето тежнеат или постапки кои тие ги одобруваат или цели кон кои се стремат. Меѓутоа за набројување на универзалните вредности ни придонесува размислувањето на посебните култури. Откако ќе констатираме што  повеќе ценат одредени луѓе, а што помалку и на кое скалило стои одредена вредност тогаш дознаваме нешто за ориентација на одредена група. Дури кога ќе видиме каков е изборот на луќето во ситуации кога не можат да имаат сé што посакуваат дознаваме за карактеристиките на културата.

Доминантна (универзална) вредност

            Секое општество гради култура која според начинот и формата на градењето на одредени вредности е единсвена и неповторлива. Варијациите на културните елементи кај одделни култури и различно градење на системот на меѓучовечките односи се многубројни. Заедничките културни вредности кои ги сретнуваме кај различните општествени заедници произлегуваат од основната егзистенцијална рамка што ја споделува човештвото како и од природата на човекот и неговите способности за соочување со таа егзистенција.
          Така една вредност стои секогаш на највисоката скала. Тоа е онаа вредност за која се жртвуваат другите вредности. Луѓето на можат истовремено да ги ценат материјалните благосостојби над сé страсно посакувајќи технички напредок, да го сакаат семејството, да ја поставуваат убавината на највисоко ниво или училишната надградба на прво место, да ја сакаат дисциплината и да умираат за “златната слобода”.
Не само доминантната вредност туку и останатите вредности се наредени како на некоја скала: нешто луѓето повеќе сакаат, нешто помалку, а нешто и очигледно го занемаруваат. Некаде, за чистотата и хигиената луѓето жртвуваат с
é, а некаде овие постапки се сметаат за снобизам. Некои луѓе трошат многу за јадење , некои за стан, а други пак за разонода. Секоја средина има специфични приоритети.

Негативна вредност

        Некои вредности имаат негативен облик.Тоа се ситуации кои луѓето  се обидуваат да ги избегнат, кои им се чинат потполно неподносливи. Почсто вредностите можат полесно да се формулираат во негативен отколку во позитивен облик.
             Во војната, на пр. Негативните аспекти доаѓаат во преден план. Се случува дури и сите вредности де се изгубат  и да останат само мал број  кој се негативни. Пр. Во
ИИ Светска војна за многу окупирани народи нетолеранцијата кон насилството од страна на окупаторските власти била доминантна вредност, а истата поприма скоро присилен (принуден) карактер.

Прилог (пример) за вредностите

        Одредени елементи, облици на културата можат на специфичен начин да бидат разбирливи  за припадниците на други култури. На пр. Нам не ни е туѓа и неразбирлива, а  уште помалку  безмислена уметноста на древната египетска цивилизација, како што не ни е сосема туѓа животната филозофија на современите култури кои доаѓаат од северноамериканскиот континент, особено од САД. Сепак постојат низа моменти врзани  за социјалниот и културниот контекст на една средина, кои го овозможуваат или спречуваат  разменувањето на симболите, односно нивното разбирање.
             Меѓутоа, кога говориме за вакви и на нив слични вредности, не треба да се заборави дека тие не мораат да бидат под еднакво значајни, па ниту присутни (гледано историски и географски) во  секоја  култура. Социјалните околноости, поднебјето, суштинските  егзистацијални  рамки  во кои  се создава  еден културен  модел се во таа смисла  мошне важни параметриц.Тие  ги одредуваат реперите  за создавање  на системот на вредности  приоритетни  за конкретнитте облици  на меѓучовечките односи  како  и  за  сите  процеси и творби кои излегуваат  од нив.     

Норми

             Нормите можат да се дефинираат како правила и насоки со  кои општеството и културата  го определуваат општеството оправдано и посакувано однесување на човекот кон другите луѓе и во определени ситуации.
          Контролата на социјалното однесување се изведува токму преку нормите. Тие  се израз на општествените и културните вредности, категории кои се апстрактни и генерални поими. Нормите претставуваат широко прифатени правила на една конкретна ситуација.Всушност се работи за обрасци според кој би требало да се придржуваат претставниците на една култура во своето однесување. И нормите се пренесуваат и учат преку системот на социјализацијата така што човекот често  ѓи прифаќа без да е свесен за тоа. Се разликуваат од општество до општество , од културата до култура. Дури и во рамките на една иста култура постојат нијансирани разлики помеѓу нормите. Крутоста на нормите (како и на вредностите) е честа причина за конфликт  помегу културата,од една страна , и поединецот од другата страна.
          Нормите,дефинираат како  луѓето  “би требало “ да се однесуваат под определени околности во поединечни општества. Ние толку подготвено им се потчинуваме на нормите што речиси и не сме свесни за нивното постоење.  Всушност, ние повеќе го забележуваме  отстапувањето од нормите, отколку потчинувањето на истите. Секое општество мора да поседува систем на општествена контрола, збир на средства, за да се осигура дека неговите членови, општо земено, ќе се однесуваат на очекуван и прифатен начин...
           Сите норми, без оглед дали се модифицирани во закон или не, се подржани од санкции, награди за нивното почитување или казни за нивното непочитување. Во социолошката литература се разликуваат три видови норми: обичаите, моралите и правните норми.

Дополнителни ресурси:

http://www.blic.co yu
http://www.danas.co.yu
http://www.hajdeda.org.yu
http://www.uia.org
http://www.uia.be/values
http://www.aimpress.ch
http://www.wilsoncenter.org
http://www.sathyasaiehv.org.uk
http://www.iahv.org
http://www.emt.cg.yu
http://www.fondrnps.org.yu
http://home.iprimus.com.au

Intrvju