Општата цел на проектот е да даде допринос во развојот на автономни и морално компетентни млади личности со демократска ориентација кои се способни да партиципираат во заедницата.

Проектот претставува едноставена и структурирана програма за развој на универзалните вредности кај младите,едукација за човековите права и демократија. Вредностите кои се идентификуваат во овој проект се општо прифатени од повеќето култури низ историјата на човештвото.

Овој едукативен програм допринесува кон развој на карактерните црти кај младите, нудејќи позитивни искуства наспроти негативните влијанија и давајќи предност на алтруистичкиот стил на живеење (подготвеност за грижа и помош на други индивидуи и уште повеќе грижа за општа добробит), наспроти хедонистичкиот стил (уживање во непосредни задоволства и живот за денес).

Проектот ја опфаќа и едукацијата на младите за структурата и работата на Европската унија и потребата на Република Македонија за влез во ЕУ.