Весна е Ромка. Прочитајте ја нејзината приказната “ На излогот од продавницата за облека видов оглас за работа. Огласот се однесуваше за девојка помеѓу 18 и 23 години. Јас имав 19 години, па затоа влегов и прашав за работното место. Менаџерот на продавницата ми кажа да дојдам после два дена бидејќи сеуште не се пријавиле доволно кандидати за тоа работното место. Јас појдов уште два пати, но секогаш го добивав истиот одговор. Една недела подоцна јас повторно отидов во истата продавница. Менаџерот беше многу зафатен за да ми обрне внимание, на сепак ми беше кажано дека местото е пополнето. Сега прочитајте го одговорот на менаџерот : “ Мислев дека ќе и биде тешко на Весна да работи тука земајќи во обзир колку таа живее далеку од продавницата. Таа треба да патува долго со два автобуса поради што може често да доцни и да ми прави потешкотии при раководењето со продавницата. Јас претпочитев да вработам лице кое живее во близина на продавницата. Одговорете на следните прашања : Дали мислите дека е направена дискриминација кон Весна? Зошто? Ако сметате дека е направена дискриминација кон Весна, тогаш што треба да направат луѓето кои се одговорни за продавницата? Што би можела Весна да стори во оваа ситуација? Дали мислите дека нејзината пријателка која не е Ромка треба да и помогне за да го оствари своето право? Како? |
||
Едукација за Европската унија Судот на правдата на ЕУ има обврска да осигури законската регулатива на ЕУ да се толкува и применува на ист начин во секоја земја-членка. Судот има овластување да решава правни спорови меѓу земјите-членки, институциите на ЕУ, деловните правни субјекти и физички лица. |