Прочитајте ја приказната
“На 19 мај 1884 година, четри луѓе испловиле од Австралија кон Англија со јахта која се викала “Mignonette”. Тоа биле капетанот Thomas Dudley, првиот помошник Edwin Stephens, морнарот Seamen Ned Brooks и Richard Parker, служтел на бродот стар 17 години.
На 5 јули големи бранови ја поплавиле јахтата и таа почнала да тоне. Пред да потоне јахтата на луѓето им останало само толку време колку да земат по две конзерви и да скокнат во чамецот за спасување. Четрите несреќни морнари се нашле на сред Атлански Океан, оддалечени 2500 киломерти од копното, со само неколку конзерви од зеленчук кои требале да им помогнат за да преживееат.
После три дена гладните луѓе успеале да уловат желка. Но после девет дена луѓето останале потполно без храна. Луѓето сеуште биле оддалечени 1600 километри од копното. Немале храна, а вода за пиење имале само ако случајно паднела некоја капка дожд. Морнарите се чувствувале очајно. Капетанот и напишал писмо на својата сопруга дека ако не наиде некој брод, “ние набрзо ќе умреме...жал ми е што воопшто тргнав на ова патување”.
Сепак имало шанса да преживеат барем тројца од посадата уште некој ден. Некој требаше да стане храна за останатите. Капетанот предложил со ждребка да се одлучат кој ќе биде убиен, но Stephens и Brooks не се сложиле. “ако умреме” кажале тие, “ треба да умреме сите заедно”.
Младиот Richard Parker, кој скоро без свест лежел на крајот од чамецот, не кажал ништо.
После уште два дена без храна и вода, капетанот го убедил Stephens дека еден од нив треба да се жртвува за да ги спаси другите. Според него очигледен кандидат бил Richard Parker. Тој бил сирак, не бил женет и немал фамилија, а и веќе бил на работ на умирање. Тој се будел од кома само повремено за да се напие морска вода која го правела уште по болен.
Виделе дека нивното мало бродче плови кон водите каде можат да сретнат брод. Затоа се сложиле да почекаат до следниот ден, па ако не пристигне помош, тогаш тие ќе го убијат момчето. Помош не пристигнала. Seamen Brooks не сакал да учествува во убивањето. Додека тој покриен со јакна седел на едниот крај од чамецот, Dadley и Stephens се наведнале над несвесниот Parker.
“Richard, момче мое, “шепнал капетанот, “твоето време дојде”. Stephens стоел спремен за да го држи момчето за нозе, но не било потребно. Тој бил многу слаб за да се спротивстави. Капетанот извадил џепен нож и го зарил во вратот на момчето. Момчето умрело веднаш. Преостанатите тројца следните три дена ја испиле неговата крв и го изеле неговото срце и црн дроп.
Четвртиот ден биле забележани од германски брод кој се викал Montezuma. Тројцата мажи биле многу слаби, па спасувачите морале со јаже да ги извлечат на својот брод.
Луѓето стигнале во Англија на 7 септември.
Dedley, Stephens и Brooks веднаш отишле во полиција и ги објасниле причините за смрта на момчето.”
Откако ќе ја прочитате приказната логирајте се за да одговорете на следните прашања:
- Дали мислите дека тројцата луѓе направиле нешто лошо?
- Дали тие треба да се гонат кривично?
- Дали сите треба да бидат подеднакво обвинети? |
Едукација за Европската унија
Европската унија денес има 25 земја членки и 454 молиони населени.
Земји членки на ЕУ се: Австрија, Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Луксенбург, Холандија, Португалија, Шпанија, Шведска, Обединетото Крлство, Кипат, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка и Словенија.
|