Прочитајте го крајот на приказната “Mignonette”    
“Судот одлучи дека Dudley и Stephens се виновни за убиство. Казната за убиство обично била смрт, но во овој случај е заменета со шест месеци затвор. Според стандардите на тоа време, споредено со пресудите изречени на други морнари во слични ситуации, владеело мислење дека казната е строга". 
      
 
Откако ќе ја прочитате крајот од приказната логирајте се за да одговорете на следните прашања: 
-	Правото на живот на Richard Parker било прекршено? Што е со правото на живот на останатите луѓе на чамецот? 
-	Што би направиле бие? Дали порадо би умреле отколку да убиете некого?
  
Овој настан се случил 64 години пред да биде донесена Универзалната декларација за човековите права.  
-	Дали таа го менува правото на живот на Richard Parker?
  
Некои луѓе дебатираат дека има “природни” закони и права кои секогаш постојат и кои се поштени. На пример, правото на слобода би било “природно” право. 
 
-	Дали се сложуваш со оваа идеа?
  
Замислете дека вие сте биле еден од тројцата луѓе на бродот. Како ќе се чувствувате 10 години после овој настан?   
-	Дали ќе се чувствувате виновни? Зошто?/Зошто не? 
-	Како би реагирале ако бевте пријател на Richard Parker? 
       
  
    
  | 
 
	  Едукација за Европската унија
         
           Институции на Европската унија 
  Законодавни институции на ЕУ се:
            
         
   - Европски парламент, институција која што ги претставува граѓаните на земјите-членки. Членовите на Европскиот парламент се избираат директно, не се национални делегации, туку политички групи;
 
  - Совет на ЕУ, кој се состои од шефовите на државите или на владите;
  
  
 - Европска комисија, независно тело што го претставува европскиот интерес кој е заеднички за сите земји-членки на унијата. 
   
       
 
Судот на правдата  е одговорен за спроведувањето на законите на заедницата, а Судот на ревизорите врши мониторинг на сметките на заедницата; 
Овој систем го комплетираат следните пет тела: 
   
  - Економско-социјален комитет, кој се состои од претставници од различни економски и социјални интересни групи и дава советодавни мислења за институциите;
 
  - Комитет на регионите, кој се состои од претставници од регионална и од локална власт:
 
  - Европска централна банка, која е одговорна за Европската монетарна политика;  
 
  - Европска банка за инвестиции,  која е одговорна за инвестициите во проектите на ЕУ;  
  
 - Европски правобранител, кој ги заштитува правата на граѓаните и организациите на ЕУ; 
  
   
 |