Приказна за Абигел

Абигел го сака Том кој живее на другата страна од реката. Поплавата ги разрушила сите мостови кои ги поврзуваат двата брега и останал само еден брод кој пловел. Абигел го замолила сопственикот на бродот, Синбад, да ја префрли на другата страна од реката. Синбад се согласил, но инсистирал за возврат таа да спие со него. Абигел не знаела што да направи и отишла кај својата мајка да се посоветува. Нејзината мајка и кажала дека не сака да се меша во нејзините работи. Очајна Абигел одлучила да спие со Синбад, кој после тоа ја пренел на другата страна од реката. Абигел среќна отишла кај Том, го прегрнала и му раскажала се што се случило. Том обземен од љубомора посегнал по животот на Абигел стегајќи ги своите раце околу нејзиниот врат. Во тој момент пристигнал најдобриот пријател на Том, Џон кој гаел симпатии кон Абигел. Тој ја ослободил Абигел од рацете на Том и тие заедно продолжиле..

Прочитајте ја приказната внимателно и оценете ги ликовите од 1 (најнегативен лик) до 5 (најпозитивен лик) и дајте образложение за секоја оценка. На пример:

Абигел    (оценка 1, 2, 3, 4 или 5)  затоа што........
Синбад   (оценка 1, 2, 3, 4 или 5)  затоа што........
Мајката   (оценка 1, 2, 3, 4 или 5)  затоа што........
Том         (оценка 1, 2, 3, 4 или 5)  затоа што........
Џон         (оценка 1, 2, 3, 4 или 5)  затоа што........

Оценките од 1 до 5 треба да се искористат само еднаш.

 


Важба за градење на личноста

Едукација за Европската унија

Европски Парламент е тело кое е составено од 732 пратеника кои не се национални делегации туку политички групи. Тој има надзорна функција и улога на законодавно тело. Своите пленарни седници Парламентот ги одржува во Стразбург, а дополнителните седници во Брисел. Генералниот Секретарјат на Парламентот т.е. административните канцеларии се наоѓаат во Луксенбург. Парламентот е тело кое врши демократска контрола врз Унијата.