Размисли двапати
Откако ќе ја видите презентацијата одговорете што вие би направиле ако се најдете во таа ситуација.



Едукација за Европската унија

Советот е институција на ЕУ во која што се претставени владите на земјите членки. Заедно со Европскиот парламент, тој е законодавец на Заедницата кој е исто така одговорен за буџетските прашања. Советот е водечка институција кога се донесуваат одлуки од областа на Заедничката надворешна и безбедносна политика, како и за полицијата и за судската соработка на полето на криминалот. Одлуките во Советот се донесуваат со гласање. Колку поголема е популацијата на земјата, толку повеќе гласови. Но, бројот не е стриктно пропорционален: тој е приспособен во прилог на земјите со помала популација.
Советот се состои од по еден претставник на министерско ниво од секоја земја членка. Секоја земја членка претседателствува шест месеци, во согласност со договорената ротација.