Размисли двапати |
|
Советот е институција на ЕУ во која што се претставени владите на земјите членки. Заедно со Европскиот парламент, тој е законодавец на Заедницата кој е исто така одговорен за буџетските прашања. Советот е водечка институција кога се донесуваат одлуки од областа на Заедничката надворешна и безбедносна политика, како и за полицијата и за судската соработка на полето на криминалот. Одлуките во Советот се донесуваат со гласање. Колку поголема е популацијата на земјата, толку повеќе гласови. Но, бројот не е стриктно пропорционален: тој е приспособен во прилог на земјите со помала популација. |