Махатма Ганди даде ново значење на ненасилството. Позната е неговата изјава во која вели дека се што се стекнува преку насилство не е вредно да се поседува. Махатма Ганди е роден во Индија во 1869 година, а се школувал во Англија каде се стекнал со звањето адвокат. Неговото прво работно искуство како адвокат било во Јужна Африка каде за прв пат се сретнал со расната дискриминација. Според тогашните закони многу нешта не им биле дозволени на луѓето кои не и припаѓале на белата раса. Тие не само што не можеле да станат адвокати, туку не им било дозволено ниту да се возат во вагоните од прва класа на возовите. Ганди бил сведок дека многу луѓе во Јужна Африка се сиромашни и лошо третирани од страна на луѓето од белата раса. Тој организирал протест против таа неправда поради што бил затворен. Ганди се вратил во Индија во 1915 година. Таму се сретнал со истата сиромаштија како и во Јужна Африка. Британија сурово владеела во Индија земајќи даноци кои луѓето неможеле да ги поднесат, не дозволувала Индијците да владеат со сопствената земја, не го потпомагала индустрискиот развој и користела сила за да ги контролираат луѓето. Ганди заедно со останатите луѓе од Индија поминале многу години протестирајќи пред конечното заминување на Британците. Тие продолжуле да маршираат и да одбиваат соработка со Британската влада поради што биле затварани. Конечно во 1947 година владата на Британија се повлекла од Индија со што таа станала независна држава. Одговорете на следните прашања: Зошто луѓето од Индија мирно протестирале? Ако луѓето од Индија протестирале користејќи сила, на пример убивајќи Британски војници, што би направиле Британците? Дали во тој случај би погинеле и многу Индијци? Ганди барал “ наклоност од светот за оваа борба за правото наспроти моќта ” . Дали мислите дека светот би бил наклонет ако Индијците ги нападнале Британците? Зошто? Дали мислите дека мирниот протест бил правилен избор во овој случај? Дали мирниот протест може да се користи и во други настани? Дали знаете некој друг пример? |
|||
Европската комисија претставува извршен инструмент на ЕУ и иницијатор на законодавните предлози. Европската комисија, исто како и Парламентот и Советот е основана во 1950-тите со оснивачките договори. Нејзиниот мандат е 5 години. Седиштето на комисијата е во Брисел. Неформално членовите на Комисијата се познати како "комесари". |