Добродојдовте на веб страната на
Денот на пролетта во Европа 2007

 
АКТУЕЛНОСТИ
26.03.2007 - 30.06.2007
Училиштата ја слават Европа

Оваа година училиштата во Македонија за прв пат се вклучуваат во прославата на Денот на пролетта во Европа во рамките на проектот "Spring Day for Europe 2007". Овогодишните активности се во знакот на 50 годишницата од потпишувањето на договорот во Рим, од каде произлегува и слоганот Заедно од 1957; Училиштата ја слават Европа.

Прославата на денот на пролетта во Европа која започнала со цел да побуди интерес и отвори расправа за начелата и достигнувањата на Европската Унија во минатото, им овозможува на учениците  интеракција во која тие меѓусебе си разменуваат идеи, но воедно имаат и можност да дискутираат со политичките челници на Европската Унија.

Прослава на Денот на ЕУ во училиштата во Македонија
 

Кликнете на стралката во десниот агол за да видите дел од настаните кои се организирани во училиштата во Македонија по повод прославата на Денот на ЕУ.

Click on the arrow in the right corner to see some of the events organized in Macedonia to celebrate
50 years of EU.

   

повеќе

 


24.04.2007
Трибина со Амбасадорот на ЕУ во Македонија госп.Ерван Фуере
 

СУГС „Браќа Миладиновци“ и Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје организираа трибина на тема „Ние и Европската Унија“ на која говореше Амбасадорот на Европската Унија во Македонија госп.Ерван Фуере.

   

повеќе

 

25.03.2007
Берлин домакин на неофицијалната средба на врвот
 
Раководството на Европската Унија на 24 и 25.03.2007 ќе се сретне во Берлин, за да ја објави својата визија за иднината на унијата во Берлинската декларација. Се очекува Европа да се обврза на отвореност, промоција на својот внатрешен развој и потребата пред изборите во 2009 година да се „обноват заедничките основи“.

24-25.03.2007
 

Претставници на младите од цела Европа ќе дискутираат за својата иднина прво меѓусебе, а потоа и со Европскиот Совет во Берлин. Дискусиите ќе можат да се следат во живо, а ќе има и вклучување на случувањата на состанокот во Брисел организиран од властите во Брисел.
 


Портал на Владата на Република Македонија и Секретарјатот за европски прашања
На порталот на Владата на Република Македонија и Секретарјатот за европски прашања можете да најдете информации за
Европската Унија - од идеа до реалност, развојниот пат на односите меѓу РМ и ЕУ и многу други документи, презентации и публикации.

Отворен МК-ЕУ инфо-центарот
 

Секретаријатот за европски прашања отвори МК-ЕУ инфо центар по повод 50 години од потпишувањето на Римските договори. Идејата е Центарот да претставува простор каде секој ќе може да добие релевантни податоци за Унијата и за реформскиот процес на патот на Македонија кон ЕУ.

 

   
Контакт
Педагошки советник за проектот Денот на пролетта во Европа 2007
Рада Мазганска


телефон:
+38970307-723
+3892/2468-757

факс:
+3892/2468-757

e-mail:
mazganska@yahoo.com



Училиштата ја слават Европа
     Денот на пролетта        во Европа 2007   Училиштата ја слават       Европа започна!       Допринесете во    славењето на Европа!       Придружете се на илјадниците наставници      ширум Европа кои      заедно со своите      ученици ја слават              Европа!

ЕУ - квиз



 

Јубилејна монета

На 25 март државите членки од еврозоната ќе пуштат во промет јубилејна монета од 2 евра.
Марки и пликови
Во чест на 50 години од потпишувањето на договорот во Рим во повеќе земји од ЕУ ќе се отпечатат јубилејни марки и пликоа.