Самодоверба


„Ниту еден млад човек не треба да го напушти училиштето со чувство дека не може целосно да учествува во животот, поради начинот на кој, тој мисли дека изгледа.“ Ненси Еткоф, клинички професор, Медицинскиот факултет Харвард.
Ниското ниво на самодоверба (eng. self-esteem) и незадоволството од надворешниот изгледот (eng. body image) имаат големо влијание врз учењето на детето и неговиот живот во училиштето. Анксиозноста предизвикана поради вниманието што физичкиот изглед го привлекува се поврзува со намалената способност за фокусирање и избегнување на активно учество или ангажирање во училиштето, што резултира со слаби постигнувања на детето.
Физичкиот изглед е склоп од менталната слика што ја имате за себе и тоа како се доживувате себе си кога ќе се погледнете во огледало.Самодоверба е како се вреднувате и почитувате себе си како личност т.е. „вистинското“ мислење што го имате за себе. Самодовербата влијае врз грижата за себе, емоционално, физички и духовно. Самодовербата е важна затоа што чувството на задоволство со себе има големо влијание во однесувањето и третирањето на себе и на другите.
Физичкиот изглед и самодовербата, исто така, директно влијаат едни на други – ако го мразите сопственото тело, не е лесно да се чувствувате добро. Децата кои се задоволни со себе полесно се справуваат со конфликти и отпорни се на негативни притисоци. Спротивно на тоа децата кои немаат самодоверба оптоварени се со чувство на ниска вредност и може да станат пасивни, повлечени и депресивни.
Ако сте здрави и имате идеална телесна тежина тогаш не сте премногу избувливи, изморени или депресивни, не се фрустрирате лесно, не сте анксиозни или лути, имате доволно енергија да поминувате време со вашите пријатели и семејството, да учествувате во спортски и други активности во кои уживате, и да се концентрирате во училиште или на работа.
Децата што имаат самодоверба најчесто имаат позитивно мислење и чувство во врска со нивното тело. Да имате здрава слика за својот физички изглед значи да ги препознавате сопствените квалитети и предности кои прават да се чувствувате добро без оглед на вашата тежина, отпорни сте на притисокот да се стремите кон митот за „совршено“ тело што го гледате во рекламите и во медиумите.
Важно е децата да разберат дека нивното тело е уникатно. Нивните тела се различни, секое тело е добро тело, и ниту еден облик на тело и димензии се добри за било кое друго тело. Дури и ако сите јадат иста храна и ги вежбаат истите вежби во тек на една година, никој нема да изгледа исто на крајот од годината. Генетиката на секој човек влијае различно врз структурата на коските, димензиите на телото, обликот и тежината. Децата треба да сфатат дека убавината, здравјето и силата доаѓаат во сите големини и треба да се чувствуваат удобно во природниот облик на нивното тело.
Секое дете заслужува да порасне чувствувајќи самодоверба за својот физички изглед така што ќе може да го постигне својот целосен потенцијал. Тоа е и причината поради која е развиен проектот Верувај во себе кој кај адолесцентите промовира самодоверба и доверба во нивниот физички изглед. Проектот примарно е наменет за ученици на возраст од 11 до 14 години, но може да се спроведе и со повозрасни момчиња и девојчиња.