Развој

Професионален развој

 

Професионалниот развој на членовите, директните и индиректни учесниците во проектните активности на ИМОР е еден од позначaјните организациските приоритети на кои ИМОР дава акцент. Затоа, во рамките на редовните активности на ИМОР е и професионалниот развој на нашите членови, градењето на нашите капацитите, односно организацискиот развој во преку разни форми на интерни обуки за нашите членови и секако обуки кои ги организираат други организации, институции и институти во земјата и надвор од неа.

 

Применувајќи ги стекнатите знаења, вештини и способности во работата со млади луѓе, едукатори и проектни активности, членовите на ИМОР акумулираа големо практично искуство и веќе се искусни обучувачи со големи референци. ИМОР и нашите обучувачи ги ангажираат училиштата, странски и домашни организации и проектни канцеларии во реализацијата на нивните активности или ИМОР помага со советодавни активности и консалтинг за потребите на други организации.

 

ИМОР и неговите обучувачи досега биле ангажирани во повеќе проекти. Некои од нив се: „Поврзување на училиштата” на Католичките служби за помош (Catholic Relief Services), „Оспособување на наставниците за користење на Интернет" реализиран од Македонскиот центар за граѓанско образование поддржан од USAID, „Е-школо” кој го реализира Центарот за развој на образованието (EDC) од САД поддржан од USAID, „Проект за модернизација на образованието” кој го реализира Светска банка во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија.

 

Во рамките на Проектот за модернизација на образованието сите програми кои ИМОР ги предложи беа прифатени од Комисијата на проектот. Од каталогот на програми за обука на наставници во текот на работата, 20 училишта од првиот круг на училишта вклучени во овој проект ги избраа нашите програми и повеќе од 370 наставници од овие училишта ќе бидат обучувани од обучувачите на ИМОР.

Alternative flash content

Requirements

Прирачник

  прирачник за граѓанско општество

Материјали

ИМОР нуди материјалите/ресурси подготвени од страна на ИМОР и iEARN кои можат да се користат за стручно и професионално усовршување и развој со означување на сопственоста.
За да пристапите до материјалите треба да се најавите/регистрирате.

Обуки

ИМОР и неговите членови нудат обука, поддршка и експертиза во низа области.
Обуките се наменети за ученици, млади и возрасни слушатели.
Информирајте се повеќе за областите за кои ИМОР нуди обуки поврзувајќи се на следниот линк.

Услуги

Здружението Интерактивна мрежа за образование и ресурси ИМОР нуди голема лепеза услуги во сферата на компјутерските, комуникационите технологии и мултимедијата, проектно базирано учење, формалното и неформалното образование, стручниот и професионален развој, раководењето со човечките ресурси, управуањето со организациите, менаџирањето со проекти, истражувања, консултантски услуги и инженеринг.