Цели на проектот
Прославата на денот на
пролетта во Европа која започнала со цел да побуди
интерес и отвори расправа за начелата и достигнувањата
на Европската Унија во минатото, им овозможува на
учениците интеракција во која тие меѓусебе си
разменуваат идеи, но воедно имаат и можност да
дискутираат со политичките челници на Европската Унија.
Младите имаат можност погласно да го искажат своето
мислење како ја гледаат Европа денес, но и кава
сакаат да ја видат во иднина.
|
Тема на оваа годишница |
Оваа година се навршуваат педесет години од потпишувањето
на
Договора од Рим на 25 март 1957 г. па од тука следува и
темата која е избрана за прослава на оваа годишница „Заедно
од 1957: училиштата ја слават Европа“. Оваа годишница е
добар повод да се потсетиме какви се достигнувањата на
Европската Унија и да разгледаме што очекуваме, како ја
гледаме Европската Унија во иднина.
Мотото на ЕУ „обединети во различностите“ јасно дава до
знаење дека иако остануваат разликите во културите, јазикот
и традициите, нашето единство се базира на цврсти заеднички
вредности какви што се слободата, демократијата и
еднаквоста.
Поконкретно најголемите достигнувања на ЕУ кои ние денес ги
славиме се:
- Заедничките вредности во ЕУ:
- слобода
- демократија
- владеење на правото
- почитување на човековите права
- еднаквост
- Успехот на ЕУ да донесе мир, стабилност и
просперитет на земјите членки на унијата. Педесет
години без војна меѓу земјте членки на унијата ја
направи ЕУ сила за мирот во светот.
- Други успеси кои се огледуваат во:
- Патувања благодарение на намалениот број на граници
- Повеќе можности за студирање во странство
- Заеднички монетарен систем во две третини од земјите
во ЕУ
- Грижа за животната средина
- Поголема мобилност на вработените
- Борба против дискриминацијата и промовирање на родова
еднаквост
- Еднаков пристап кон правото, слободата и безбедноста
- Заеднички интерес за напредок
- Главни предизвици за ЕУ во иднина се:
- Глобализацијата
- Заедничко делување за справување со глобалното
затоплување
- Поддршка на демократијата и вклученоста
Извор: Комисија на Европска Унија
|