Добродојдовте на
веб страната на
Денот на пролетта во Европа 2007 |
|
|
Лого на оваа годишница
|
Логото
на на оваа годишница е во знак на педесет години од
потпишувањето на Договорот во рим. Достапно е на 23
јазика на ЕУ и во оригиналната верзија. Тоа ќе се
користи во сите пригоди за прослава на Денот на
Европа. |
Логота за педесет годишницата на ЕУ е графички
приказ на мотото на ЕУ „обединети во различностите“.
Различните бои на буквите и нивната форма ја
одразуваат многустраната разноликост во историјата и
културата на народите, а нивната споеност во еден
збор ја симболизира обединетоста на различностите.
Логото за 50 - годошницата е избрано на конкурс на
кој учествувале 1701 дизајнери и студенти по дизајн
од сите држави членки на ЕУ. |
|
|
Регистрирајте
се на Пролеттен ден во Европа 2007, придружете им
се на илјадниците наставници и ученици ширум Европа и
направето го вашето училиште препознатливо. Вклучувајќи
се во проектот ќе имате можност да го искажете своето
мислење за европските прашања. Споделете ги вашите
прашања и грижи за иднината на Европа директно со луѓето
кои ги донесуваат одлуките во ЕУ и кои сакаат да го
слушнат вашето мислење.Поврзете се со другите луѓе од
Европа, покажете дека новата генерација игра важна улога
во кроењето на иднината на Европа. Со регистрацијата
потврдувате дека она што вие го правите со вашите
ученици е безбедно за веб страната на Европа.
Наставниците кои се вклучени во проектот имаат можност
да ги користат сите педагошки ресурси во проектот.
Ако се вклучите во Денот на пролетта во Европа со
организирање на настани во вашето училиште, on-line
дискусија со лидерите на политиката на ЕУ или
учествувате во педагошките активности, вие ќе добиете
дигитален сертификат потпишан од врвните политичари на
ЕУ.
Не го одложувајте вклучувањето за некој друг момент.
Направете го тоа сега и започнете со активности! |
|
|
|
Историјат на проектот |
European Schoolnet
својата работа ја започнал со финансиска поддршка на
Европската комисија. Поради големиот успех што го постигна
уште на самиот почеток, се организира секоја година. Секоја
година е сè поголем бројот на
училишта кои се приклучуваат така што овој проект е еден од
најуспешните проекти во подрачјето на ИКТ во училиштата во
Европа. Во 2004 год. во прославата на пет годишницата на ЕУ
се приклучиле 5.627 училишта. Денот на пролетта 2005 год.
бил насочен на темата за Европскиот устав и надворашната
политика на ЕУ и биле приклучени 6.620 училишта.
Минатогодишниот ден на пролетта 2006 се задржал на темата
„Дебата за нашата иднина“ и во работата се вклучиле 7.501
училиште. Во дебатата земале учество приближно 150 членови
на Европскиот Парламент, шест комесари на ЕУ и претседателот
на Одборот на регионот.
|
Активности во училиштата |
Во училиштата низ цела Европа ќе
се одвиваат разни настани - натпревари, дискусии, дебати,
веб конференции меѓу учениците од различни држави со
европски, национални и локални политички водичи. Им
препорачуваме на средните и основните училишта да земат
учество на свој начин, согласно со можностите и условите. Со
цел да им помогнеме на училиштата да земат учество на оваа
веб страна ќе бидат поставени некои идеи во прилог на
организација и различни активности.
Вклучувајќи се во Денот на пролетта во Европа вие се
вклучувате во славењето на Европа.
|
|
Контакт |
Педагошки советник за проектот Денот на
пролетта во Европа 2007
Рада Мазганска
телефон:
+38970307-723
+3892/ 2468- 757
факс:
+3892/ 2468- 757
e-mail:
mazganska@yahoo.com
|
|