Сакате вашите кабинети да изгледаат поубаво? Што да превземеме?
Информациската технологија помага за осовременување на наставата и поголема активност на учениците, но наставниот процес е проследен со проблеми кои го кочат развојот на наставата
Како проблеми во нашето училиште, ќе ги наведеме следниве:
" Тешкотии во организирање на часовите по изборна настава и немање на соодветна литература за истите.
" Несоодветни услови за одржување на наставата (посебно во спортската сала!), недоволно техничка опрема.
" Неактивност на учениците-неуспех во наставата.
" Нереално оценување, што се манифестира на крајот од учебната година.
" Државната матура и честите промени во програмите доведуваат до забуна кај ученицитеДржавната матура и честите промени во
програмата доведува до забуна кај учениците
*Матурата да биде унифицирана и учебниците да бидат унифицирани(во училишта од исти тип да се користат исти книги и материјали, а не секој професор да бира учебник).
*Повеќе комуникација соработка со професорите за темите кои ќе ги полагаме и запознавање со истите за полесно совладување.
*Обезбедување материјал за работа(книги, скрипти)претходно запознавање и изучување на истите
*Пилот матура подобро да се запознаеме со материјалот за полагање на матура и решавање на проблемите
Нереално оценување што се манифестира на крајот на учебната година
-Нереалното оценување -бунт и незадоволство кај учениците.
-Да се внимава на зумирањето на резултатите на крајот на учебната година.
-Санкционирање на професорите од директорот за преголемо зумирање на резултатите.
-Да се одбиваат ургенциите на крајот од учебната година.
Несоодветни услови за одржување на наставата(посебно во спортската сала), недоволно техничка опрема
1. Управата на училиштето, родителите и учениците да се потрудат да побараат некои странски донации.
2. Општината да се заангажира за опремување на кабинетите (купување на ЛЦД проектори и други помагала).
3.Да се реновира спортската салата со помош на Општината ,Министерството за образование, Агенцијата за млади и спорт затоа што не може да се одржува нормална наставa.
Неактивност на учениците-неуспех во наставата.
1. Да се најде модул и начин да се заинтересираат учениците, да се мотивираат,преку избирање на поинтересен начин на предавање, употреба на стратегии во кои учениците максимално ќе се ангажираат и активираат.
2. Да им се даде можност сами да учествуваат во изборот на предмети и содржини според собствен интерес.
3. Воведување на практични примери во наставата со цел да им се укаже на учениците која е практичната примена на предметот во реалниот живот.
4.Можноста за вработување после завршување на образованието би била дополнителна (најсилна) мотивација за активирање на учениците.
Тешкотии во образование на часовите по изборна настава и немање на соодветна литература за истите.
1. Изборната настава треба да е поорганизирана.
2. Плановите за истата треба да се ревидираат и унифицираат на ниво на сите училишта од ист профил.
3. Да се обезбедат учебници кои ќе ги содржат темите за изборна настава и ќе бидат унифицирани (да не се користат скрипти, да не се диктира).
4. Часовите да се вклопат во распоред така да сите ученици бидат во состојба да ги следат предметите што ги избрале во склоп на часовите (пред и после часовите ги револтира учениците).