|
|
„Елате
другари, да ги поставиме темелите на она движење кое ќе може да го постигне
вистинското ослободување на измачениот со векови македонски народ.
|
![]() |
BIOGRAFIJA: Првиот македонски социјалист е роден во Велес. Се образувал во училиштето на просветителот Јордан Хаџи-Константинов Џинот, а својата идеологија ја развил во Софија, Бугарија каде го продолжил образовнието. Престојот во Бугарија Главинов го искористил за развој на во тој период напредните социјалистички идеи и едуцирање на македонската емиграција. Основал Македонска социјалистичка организација во која помеѓу другите Македонци членувале Никола Карев, Петар Русински и Венко Марков. Откако бил прогонет од бугарските социјалисти, во 1894 година Главинов се вратил во родниот Велес и го основал првото просветно-работничко друштво во Македонија "Читалиште". Активностите на друштвото придонеле за ширење на социјалистичката идеја насекаде во Македонија и основање на слични друштва во повеќе градови. Друштвото на Васил Главинов го издало првото гласило "Револуција", а во 1898 и весникот "Политическа свобода". На 03.07.1900 година во Македонија се одржала првата социјалистичка конференција. |
gore