Добродојдовте на
веб страната на
Денот на пролетта во Европа 2007 |
|
Мојот подарок за ЕУ
 |
 |
Активноста „Мојот подарок за ЕУ“ е
прилагодена за ученици од основно училиште. Целта на
активноста е учениците да ја запознаат подобро ЕУ.
За оваа активност учениците од основните училишта
треба да подготват подарок кој сакаат да го подарат
на ЕУ за нејзиниот 50ти роденден. Учениците треба да
размислат кои се потребите на ЕУ и да направат
фотографија на некој реален објект, цртеж, колаж или
да искористат било кој друг вид
на уметничко искажување.
Насловот треба да се пишува на мајчин јазик и еден
од јазиците: англиски, француски или германски.
|
|
|
 |
Кликнете на иконата за да
превземете Водич кој ќе ви помогне при извршувањето на оваа
активност. |
За да ги видите прилозите на учениците од сите земји и за да
испратите прилог од вашите ученици кликнете
тука. |
|
Сликите
раскажуваат приказни |

|
Сликите раскажуваат приказни е
активност во која учениците од основните училишта имаат
можност да го искажат своето видување за историјата на
Европа со користење на слики. Целта на активноста е да се
согледа историјата во последните 50 години онака како што ја
гледаат нашите деца. Учениците треба да изберат еден важен
настан кој се случил во последните 50 години на ниво на
Европа или во нивната земја, но
е поврзан со Европа и да нацртаат цртеж за тој настан.
Насловот треба да се пишува на мајчин јазик и еден од
јазиците: англиски, француски или германски. |
 |
Кликнете на иконата за да
превземете Водич кој ќе ви помогне при извршувањето на оваа
активност. |
За да ги видите прилозите на учениците од сите земји и за да
испратите прилог од вашите ученици кликнете
тука. |
|
Европски календар |
 |
Настаните од заедничката историја кои се случија во
последните 50 години ширум Европа предизвикуваат сеќавања за
заеднички клучни и важни настани поврзани со развојот на
Европа. Оваа активност им дозволува на учениците од средните
училишта да додадат нивен сопствен настан во заедничкиот
календар. Учениците со помош на наставниците треба да ги
истражат клучните датуми поврзани со историјата и развојот
на ЕУ, особено оние кои ја поврзуваат нивната земја со ЕУ.
Потоа учениците треба да изберат еден настан кој се случил
од 1950 година до денес и да напишат прилог во кој го
опишуваат тој настан.
Прилозите треба да се пишуваат на англиски, француски или
германски јазик.
Дополнително, но не и обврзно учениците можат
да подготват: аудио/видео датотеки, видео,ppt
итн.
|
 |
Кликнете на
иконата за да превземете Водич кој ќе ви помогне при
извршувањето на оваа активност. |
|
За да ги
видите прилозите на учениците од сите земји и за да испратите
прилог од вашите ученици кликнете
тука. |
|
Градиме мостови |
|
Целите на активноста Градење мостови се стимулирање на
дебати во различни училишта и подигање на свеста за
основните проблеми и вредности кои ја дефинираат Европската
Унија. Тематскиот приод на оваа активност симболизира на
едноставен, но илустративен начин што е олицетворение на
Европската Унија во овие 50 години заеднички растеж. Во оваа
активност се повикуваат учениците од средните училишта да
изградат нивен сопствен мост пополнувајќи ги камените
блокови со описи. Секој камен блок претставува една тема од
ЕУ вклучувајќи „Уметност, култура и традиција“ и „Иднината
на Европа“. Вкупниот резултат од оваа активност е галерија
од поврзани мостови кои го прикажуваат развојот на ЕУ низ
годините. |
 |
Кликнете на
иконата за да превземете Водич кој ќе ви помогне при
извршувањето на оваа активност. |
За да ги
видите прилозите на учениците од сите земји и за да испратите
прилог од вашите ученици кликнете
тука.
|