
за нас
Здружението Интерактивна мрежа за образование и ресурси од Битола – ИМОР е основано на 21.03.2000 година и од тогаш успешно работи на оспособување на младите во духот на мултикултурно разбирање и соработка, граѓанско општество и демократија. ИМОР е организација која работи на принципот од млади за млади, односно, младите луѓе учестуваат во дизајнот на проектите на ИМОР во кои младите и младите лидери се главна целна група и крајни корисници.
Во досегашниот период ИМОР има реализирано повеќе од 40 проекти во Македонија, во регионот и на меѓународно ниво. Некои од овие проекти се добитници на меѓународни признанија и меѓународни награди на престижни натпревари во конкуренција на стотици меѓународни проекти (Childnet Awards во Лондон, Stokholm Challenge во Стокхолм, Global Junior Challenge во Рим, European Schoolnet во Брисел).
мисија и цели
Мисијата на ИМОР е оспособување на граѓанинот во духот на меѓукултурно разбирање и соработка, граѓанско општество и демократија, развој на позитивно опкружување во кое ќе се почитуваат правата на маргинализираните, дискриминираните и ранливите лица, семејства и ризични групи и обезбедување поддршка при нивно интегрирање во општеството.


вмрежување
Во текот на своето постоење, ИМОР интезивно соработуваше со донаторската зедница, многу организации, институции, ексрти/консултанти. На овој начин, ИМОР изгради широка мрежа на индивидуалци и организации: сопствена мрежа на поранешни членови, формални и неформални мрежи, мрежи на организации/институции, мрежа со донаторската заедница.