Дополнително…

  • Во текот на годините, ИМОР прерасна во реномиран провајдер на градење на капацитети од страна на институциите и донаторската заедница. На пример, ИМОР беше еден од најголемите провајдери на обука на наставници во Македонија во рамките на проектот „Проект за модернизација на образованието“ поддржан од Светска банка и Министерството за образование и наука. Сите програми за обука во текот на работата на наставниците беа прифатени од страна на Комисијата на Бирото за развој на образованието. Во периодот ноември 2005 – ноември 2008 прибилижно 2000 наставници, педагози, психолози и директори на основни и средни училишта поминаа низ програмите на ИМОР за обука во текот на работата на наставниците. 
  • ИМОР беше ангажиран од страна на CRS (Catholic Relief Services) во рамките на проектот “School Connectivity” на обука на ученици и едукатори од средните училиште во областите он-лајн колаборативна проектна работа и на проектно-базирано учење. 
  • ИМОР е една од НВОите која работеше на подготовката на првата Национална стратегија за млади на Македонија, во рамките на проектот, Младински национален акционен план, поддржан од Институт за трајни заедници.