Во текот на своето постоење, ИМОР реализираше или беше партнер во бројни активности, проекти, интервенции, акции, кампањи, конференции, настани. Во текот на работата, ИМОР интензивно се вмрежуваше со организации, институции, експерти/консултанти и донатори.
Како резултат, ИМОР воспостави многу партнерства со организации, инстутиции, приватен сектор, воедно, ИМОР стана дел од формални мрежи.
Во рамките на проектите кои целеа млади, во периодот до крајот на 2020 година, повеќе од 4000 млади луѓе и 150 едукатори беа директно вклучени во проектните активности. Овие проекти опфатија и повеќе од 15000 бозрасни и млади во локалните заедници каде што се одвиваа проектните активности.

Исто така, на барање на младите вклучени во проектните активности, бројни поселедувателни проекти беа успешно иницијализирани и реализирани. Многу од младите луѓе вклучени во проектните активности останаа пријатели долго време по завршувањето на проектот(ите).
Влијанието на реализираните ИМОР проекти беше препознаено и наградено на меѓународни предизвик натпревари органзирани низ Европа:
- ИМОР е добитник на прва награда (златна плакета) за проектот „Заеднички вредности“ Common Values на eLearning Awards 2007организиран од European Schoolnet, со поддршка на 28 Министерства за образование, во категоријата „Училиштата на иднината, сега“.
Во натпреварот учество зедоа вкупно 563 училишта и организации – провајдери на обуки од земјите членки на ЕУ/ЕЕА, земјите кандидати за членство во ЕУ, Швајцарија и Израел кои презентираа најдобри примери за користење на технологијата во креирање на училиште на 21 от век. Партнерски организации на European Schoolnet во организацијата на натпреварот беа: Young Digital Planet, Intel, Interwrite Learning, Promethean, SMART Technologies, Apple, Michael, Adobe, Belgacom, Microsoft, SIVECO Romania, Telefónica O2 and UPC. - Проектот Youth Have a Say against Terrorism, освои Прва награда во категоријата „Млади на возраст од 18 години“ на меѓународниот натпревар Global Junior Challenge, во Рим, во ноември 2004 година во конкуренција на повеќе од 600 проекти од различни континенти.
- Проектот Building Bridges over Borders by using ICT and Project Based Learning беше:
- Финалист (најдобри 10 проекти од повеќе од 350 меѓународни проекти во натпреварот) во категоријата „Образование“ на меѓународниот натпревар Stockholm Challenge Awards, во Стокхолм во ноември 2002 година.
- Финалист (најдобри 10 проекти) во категоријата „Млади на возраст од 18 години“ на меѓународниот натпревар Global Junior Challenge, во Рим, во ноември 2002 година во конкуренција на повеќе од 400 проекти од различни континенти.
- Финалист (најдобри 5 проекти) во категоријата „Нови на мрежа“ на меѓународниот натпревар ChildNet Awards, во Лондон во декември 2002 година во конкуренција на повеќе од 150 меѓународни проекти.