Сеопфатна цел на проектот

Оспособување на младите од Албанија, Косово и Македонија за тие да го кренат својот глас против тероризмот во регионот со вклучување на исклучените и маргинализирани групи, со цел да се поттикне дијалогот и да испрати порака за мир и толеранција.

Целна група

Млади од средни училишта од Македонија, Албанија и Косово

Проектни партнери

Harry Fults, Albania; Младински совет Албанија; Младински центар Приштина, Косово; Национална Комисија за УНЕСКО на Македонија

Времетраење на проектот

ноември 2002 – декември 2003

Награда на проектот

Проектот освои Прва награда во категоријата „Млади на возраст од 18 години“ на меѓународниот натпревар Global Junior Challenge, во Рим, во ноември 2004 година во конкуренција на повеќе од 600 проекти од различни континенти.