Сеопфатна цел на проектот

Проектот цели кон оформување на мрежа од слободоумни и посветени млади луѓе оспособени да покажат како да се зближат возрасните и да им се покаже на политичарите дека географските и политичките граници можат да се преминат.

Целна група

Млади од средни училишта од Македонија и Албанија

Проектни партнери

Harry Т. Fults, Albania; Институт отворено општество Албанија; Национална Комисија за УНЕСКО на Македонија

Времетраење на проектот

ноември 2001 – јуни 2002

Награда на проектот

Финалист (најдобри 10 проекти од повеќе од 350 меѓународни проекти во натпреварот) во категоријата „Образование“ на меѓународниот натпревар Stockholm Challenge Awards, во Стокхолм во ноември 2002 година.

Финалист (најдобри 10 проекти) во категоријата „Млади на возраст од 18 години“ на меѓународниот натпревар Global Junior Challenge, во Рим, во ноември 2002 година во конкуренција на повеќе од 400 проекти од различни континенти.

Финалист (најдобри 5 проекти) во категоријата „Нови на мрежа“ на меѓународниот натпревар ChildNet Awards, во Лондон во декември 2002 година во конкуренција на повеќе од 150 меѓународни проекти.