Јакнење на меѓу-културниот дијалог како алатка за поврзување меѓу младите и добри соседски односи во регионот
Промовирањето на меѓу-културниот дијалог како средство за градење добрососедски односи, помирување и мир
Сеопфатна цел на проектот
Да се придонесе во наменско учество на младите од целните земји (Албанија, Босна и Херцеговина и С. Македонија) во промовирањето на меѓукултурниот дијалог како средство за градење добрососедски односи, помирување и мир преку колаборативни пристапи и заеднички активности.
Целна група
Млади од средни училишта од Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина
Проектни партнери
Албанска фондација за разрешување конфликти и помирување на спорови – АФЦР, Албанија и Нансен Дијалог Центар Мостар, Босна и Херцеговина