Разбирање и ценење на културната различност – поттик за меѓукултурна соработка за и од младите
Подигање на разбирањето и ценењето на културните разлики и традиции
Сеопфатна цел на проектот
Да се придонесе во меѓу-културната соработка помеѓу младите од Македонија и Албанија преку разбирање и ценење на културните разлики и традиции со посредство на ИКТ базирани активности за соработка.
Целна група
Млади од основни и средни училишта од Македонија и Албанија
Проектни партнери
Албанска фондација за разрешување конфликти и помирување на споровите – АФЦР, Албанија, Младинска алијанса – Крушево (УНЕСКО клуб Младинска алијанса – Крушево), Македонија, AEGEE – Тирана, Албанија, Здружение Амбасада за мир (УНЕСКО Клуб Скопје), Македонија • Школа „ Rezistenca e Goricareve “, Албанија