Мисија

Мисија

 

Мисијата на ИМОР е оспособување на младиот човек во духот на меѓукултурно разбирање и соработка, граѓанско општество и демократија,  и развој на позитивно опкружување во кое ќе се почитуваат правата на маргинализираните, дискриминираните и ранливите лица, семејства и ризични групи и обезбедување поддршка при нивно интегрирање во општеството.

Целни групи: младина и студенти, националности, хендикепирани, маргинализирани, жртви на семејно насилство, деца, невработени.

ИМОР е единствена членка во УНЕСКО-вата мрежа Info Youth од Македонија и една од ретките на Балканот која членува во оваа организација повеќе од 5 години.

"Интерактивна мрежа за образование и ресурси" - ИМОР нуди голема лепеза услуги во сферата на компјутерските, комуникационите технологии и мултимедијата, проектно базирано учење, формалното и неформалното образование, стручниот и професионален развој, раководењето со човечките ресурси, управуањето со организациите, менаџирањето со проекти, истражувања, консултантски услуги и инженеринг.

Соработуваме и работиме со организации и фондации од земјата и надвор од неа (линк кон ИМОР мрежа),  претпријатија од различна големина, сектор и сопственост, невладини организации и асоцијации, владини институции, национални и интернационални проектни инцијативи.

Alternative flash content

Requirements

Прирачник

  прирачник за граѓанско општество

Материјали

Водич за родители за превенција на онлајн насилен екстремизам

(верзија за печатење) Водич за родители за превенција на онлајн насилен екстремизам 

ИМОР нуди материјали/ресурси подготвени од страна на ИМОР и iEARN кои можат да се користат за стручно и професионално усовршување и развој. За да пристапите до материјалите треба да се најавите/регистрирате.

Обуки

ИМОР и неговите членови нудат обука, поддршка и експертиза во низа области.
Обуките се наменети за ученици, млади и возрасни слушатели.
Информирајте се повеќе за областите за кои ИМОР нуди обуки поврзувајќи се на следниот линк.

Услуги

Здружението Интерактивна мрежа за образование и ресурси ИМОР нуди голема лепеза услуги во сферата на компјутерските, комуникационите технологии и мултимедијата, проектно базирано учење, формалното и неформалното образование, стручниот и професионален развој, раководењето со човечките ресурси, управуањето со организациите, менаџирањето со проекти, истражувања, консултантски услуги и инженеринг.