5R Концепт
5R концептот е практичен надградба на одржливиот развој и дава многу конкретни предлози за одржлива иднина.
![]() |
|
Размисли |
Еколошка трага - ecological footprint
Потребата секој поединец да биде одговорен за уделот во загадувањето произлегува од сè поголемата загриженост за глобалното затоплување, големиот број на истражувања за тоа што сè влијае на глобалното затоплување и еколошката катастрофа која многу биолози ја најавуваат.
Веќе не е доволно со прст да покажуваме на фабриките од каде се крева чад или се фрла ѓубре каде што не треба. Свеста за глобалното затоплување бара прво да погледнеме во својот двор и во своето однесување со цел да ги промениме своите навики и на тој начин влијаеме врз економијата. За да ни помогнат, експертите имаат развиено неколку модели со кои може да го пресметаме својот неславен придонес во глобалното затоплување и да согледаме што сè во нашите лични животи. влијаее на глобалното затоплување.
Вкупниот износ на стакленички гасови (јаглерод диоксид, метан, азотен оксид, фреон, и др.) кои произлегуваат од нашиот секојдневен живот и работа се нарекува "јаглеродна трага" (анг. carbon footprint). Секој од нас, со својот секојдневен избор и одлуки – избор на превозни средства, избор на храна и потрошувачките навики, создавање и згрижување на отпадот итн., на работа (или училиште) и дома, произведува емисија на штетни стакленички гасови кои предизвикуваат климатски промени.
Најчесто работите ги правиме по навика, без размислување колку тоа влијае на природата, животната средина и општеството како целина. Со промена на потрошувачките навики и вградени шеми на однесување сите ние може многу да направиме за да се намали емисијата на стакленички гасови и да се зачува стабилна клима за идните генерации.
Со помош на „СО2 калкулатор“ што е достапен на повеќе интернет страници, пресметајте ја својата "јаглеродна трага" (анг. carbon footprint), дознајте колкава е вкупната потрошувачка на енергија во вашето домаќинство во текот на годината и колку и како секој поединец со своите секојдневни активности произведува јаглерод диоксид и други стакленички гасови. Покрај тоа, проверете како можете да ја намалите потрошувачката на енергија, а со тоа и емисијата на штетни гасови во атмосферата, и како да ги намалите сметки за комунални услуги.
Еколошка трага (анг. ecological footprint) е индикатор за мерење на влијанието на луѓето врз планетата. Се пресметува во хектари и претставува потребна површина која може да ги задоволи сите наши потреби (за енергија, транспорт, храна, отпад, инфраструктура, вода, итн.) Поради својата практичност и применливост, еколошката трага е погодна за пресметување на индивидуално ниво, ниво на град, регионот, земја или целиот свет, па дури и на ниво на компанија, училиште или други институции каде што работиме.
Еколошката трага се пресметува така што нашата потрошувачка (трага) ја ставаме во однос со понудениот (биокапацитет) на нашата планета. Ако трагата на некоја популација е поголема од биокапацитет на одреденото подрачје тогаш велиме дека сме во еколошки минус. На глобално ниво во 2008 година бевме во минус од 0,4 еколошки gha, што значи дека луѓето живеат над одржливоста на планетата и капацитетот на еколошките системи да го надополнат и апсорбираат сè она што го потрошуваме и целиот отпад што зад себе го оставаме.
На интернет може да се најдат многу калкулатори за пресметување на еколошката трага. Ви го препорачуваме калкулаторит на Центарот за одржлив развој CSE - http://www.myfootprint.org/en/visitor_information/
Дознај повеќе!
Еколошка трага?
Тоа е површина на земја потребна за производство на храна, енергија и други ресурси потребни за да се задржи сегашниот високо потрошувачки начин на живот.
Таа се мери во глобални хектари и покажува колку на секој од нас, или одреден град или држава, му треба површина за да ги задоволи своите потреби за храна, домување, енергија,
транспорт или за згрижување на отпадот.
Што се се вклучува во пресметката на еколошката трага?
Еколошки дефицит?
Некои земји користат повеќе ресурсите на животната средина отколку што постојат во рамките на нивните граници. Ова значи дека тие имаат еколошки дефицит. Затоа, тие мора да увезуваат еколошки ресурси што им недостасуваат или треба да ги искористуваат своите ресурси надвор од границите на регенерација.
Државите со помал еколошки капацитет од оној што им е на располагање имаат позитивен еколошки дефицит. Сепак, преостанатиот капацитет често се користи за извоз на стока, а не се чува како резерва.
Сегашната состојба на светот?
Загадување?
Со анализа на начинот на кој биолозите го пресметале моменталното загадување можеме да видиме на кои се начини ја загадуваме планетата:
1. Првата група загадување се состои од активности при кои испуштаме CO2 во атмосферата, со транспорт и енергија што ја трошиме во домаќинството - т.н. јаглеродна трага (Carbon footprint). На оваа група се должи една четвртина од глобалното загадување, но поради влијанието врз климатските промени за него најмногу се зборува.
2. Другата група се нарекува „трага на храната“ (Food footprint) и предизвикува најмногу контроверзии. Поточно загадувањето што се случува во оваа група се однесува на интензивно земјоделско одгледување, чии последици се труење на земјата со пестициди и вештачки горива, со што се намалува плодноста на почвата. Препораките за намалување на ова загадување се користење на органска храна од локално потекло (се намалуваат трошоците за превоз), производи со помалку пакување, помалку месо, итн. Со оглед на тоа што големите индустрии го селат нивното земјоделско производство во помалку развиените земји и сè повеќе се инвестира во интензивно земјоделско производство, јасно е зошто овој дел од целокупната „трага“ се соочува со најмногу критики. Колку е важно намалување на загадувањето од овој дел зборува и фактот дека оваа група чини речиси една третина од целокупната потрошувачка на ресурси и загадување.
3. Третата група е трага на домаќинството. Заштедата е најлесна во своите домаќинства, каде што и загадувањата се најмали. Заштедата на вода, користење на еколошки материјали и средства за чистење се дел од активностите кои можат да го намалат загадувањето во групата Housing footprint.
4. Последната група, трага на стоки и услуги (Goods and services footprint), директно од секој поединец бара да размислува за производите што ги купува и како се однесува во својата околина. Прекумерната потрошувачка е еден од проблемите на загадувањето во оваа група, бидејќи голем е отпадот што треба да се оддели и рециклира. Овој "личен отпад" чини речиси 30% од вкупното загадување на планетата.
Како да се намали еколошката трага
Најдобар начин на кој богатите земји можат да ја намалат нивната еколошка трага е луѓето да почнат со заштеда во своите домови. Ова се постигнува со намалување, повторна употреба, рециклирање и размислување за производите и отпад што произлегува од нив.
Намалување
Повторно искористување
Рециклирање
Размислете
Ако пред купување размислете и откриете какви се последиците од употребата на производот или отпадот од него, навистина може да го намалите влијанието врз животната средина. Кога купувате:
© Web Design: UnaDesign