Еко препораки
The Animals Save the Planet (Животните ја спасуваат Земјата) е низа од едукативни цртани филмови на тема климатски промени и заштита на природата и околината. Автори на цртаните филмови се луѓе од телевизискиот канал Animal planet кои со оваа серија на цртани филмови навистина се потрудиле на наједноставен можен начин да им објаснат на децата и младите (и на оние кои не се тоа) на кој начин и што треба да се направи за спас на Земјата!
повеќе
Краток документарно-анимиран филм Wake Up, Freak Out (Разбуди се, активирај се) кој зборува за климатските промени и за точката (tipping point) од која што нема враќање ако еднаш ја достигнеме (или веќе сме ја достигнале?). Автор на филмот е Leo Murray кој на навистина фантастичен начин зборува за едно од можните сценарија доколку веднаш и сега не се разбудиме и активираме. Филмот е аргументиран со низа стручни податоци за однесувањето на нашата планета под негативно влијание на човекот.
повеќе
Филмот Grocery Store Wars (Војна на самопослугите) направен е врз основа на оригиналниот филм Star Wars . Во филмот на интересен начин полн со хумор се зборува за проблемите во нашите продавници и самопослуги со затруената и вештачка храна. Иако филмот е направен во САД од страна на Органскиот трговски сојуз (www.ota.com) сметавме дека е корисно да го преведеме затоа што и кај нас се наоѓа храна со сомнителен карактер! Филмот има за цел да не поттикне при купување на храна да размислиме од каде и што ќе купуваме!
повеќе
Сè повеќе се зборува за потребата да се заштити природата, за потребата да се промени досегашниот начин на живеење, за потребата од промена во водењето на општествената и економска политика, за потребата од промена на начинот за добивање на енергија... Да, сè повеќе се зборува за непознатиот терен кој што не чека доколку не направиме промена во сè што е набројано. И секој ден слушаме некоја нова потреба... Но, колку навистина работиме на тоа таа промена да се случи? Колку сме подготвени да ја прифатиме таа промена и да бидеме активни? Доколку сè уште се двоумите, погледнете ги MEATRIX филмовите.
Филмот Meatrix 1 ја открива вистината за индустриските (специјализирани) фарми. Главен глумец во филмот е Leo, младо прасе кое живее на убава мала семејна фарма. Еден ден на Leo му се приближува бикот Moopheus и го носи на патување кое ја открива вистината за индустриските фарми.
повеќе
Јунаците во филмот Leo, Chickity i Moopheus доаѓаат на индустриска фарма за производство на млеко каде што се среќаваат со свирепа вистина! Фармите за производство на млеко некогаш личеле убаво, со многу среќни крави, но денес тие се сè друго, но не и убаво место. Производството на млеко и млечни производи во повеќето случаи се прави на нехуман и за природата неодржлив начин! Во филмот се среќаваме и со лошите агенти на MEATRIX кои успеваат да го заробат Moopheusa!
повеќе
Филмот „Направете го отпадот суровина“ зборува за проблемот на Европската Унија со старите коли кои не се веќе во сообраќај. Секоја година во Европската Унија 8 до 9 милиони возила се отстрануваат од сообраќај. Секое возило преставува 1 тон старо железо. 75% од материјалите од кои се направени автомобилите може да се рециклира. Во филмот се посочуваат некои од можните начини на кои овие материјали можат повторно да се искористат.
повеќе
„Климатските промени се најголемиот хуманитарен предизвик со кој денес се соочува човештвото. Се работи за предизвик кој во своето срце носи голема неправда. Големите, развиени општества најмногу придонесуваат во глобалното испуштање на стакленички гасови чие влијание најмногу ги погодува најсиромашните и најслабо развиените земји". Ова е цитат на Kofi Annan кој започнал интересен проект за климатските промени.
повеќе
© Web Design: UnaDesign