банер

Документарно-анимиран филм: Разбуди се, активирај се

икона видеоКраток документарно-анимиран филм Wake Up, Freak Out (Разбуди се, активирај се) кој зборува за климатските промени и за точката (tipping point) од која што нема враќање ако еднаш ја достигнеме (или веќе сме ја достигнале?). Автор на филмот е Leo Murray кој на навистина фантастичен начин зборува за едно од можните сценарија доколку веднаш и сега не се разбудиме и активираме. Филмот е аргументиран со низа стручни податоци за однесувањето на нашата планета под негативно влијание на човекот.

Ова навистина веќе не се однесува на поларните мечки.. Во овој момент судбината на цивилизацијата виси на конец. Во начинот на кој го меревме влијанието на климатските промени недостасува едно многу важно делче од целосната слика. Неверојатно сме блиску до пресвртната точка во целиот климатски систем. Ова е точката од која нема враќање, после неа катастрофални промени навистина се неизбежни. Размисли за ова, вака: Во последните три милиони години, климата на нашата планета отсекогаш била во една од двете стабилни состојби. Мали промени во соларната активност, не туркале од една во друга состојба. Кога сме во студена состојба, нашата планета поминува низ ледена доба. Кога сме во потопла состојба, климата на планетата е во состојба многу слична на денешната, и таква била во текот на целата историја на човештвото.
Проблемот е во начинот на кој се користат фосилни горива кој што не турка подалеку и подалеку од нашата стабилна состојба, сé поблиску до работ на бездната. Пресвртна точка е точка, на самитот раб каде што без да туркаме, нашата планета ќе оди кон многу пожешка точка. Сама ќе почне да се тркала. Пресвртна точка постои поради голем број на спрег од сили во климатскиот систем кои можат влијанието на човекот врз затоплувањето многу пати да го зголемат и да доведат до насаканите промени.

 


© Web Design: UnaDesign