банер

Едукативен цртан филм MEATRIX 1: Вистината за производството на храна

икона видеоСè повеќе се зборува за потребата да се заштити природата, за потребата да се промени досегашниот начин на живеење, за потребата од промена во водењето на општествената и економска политика, за потребата од промена на начинот за добивање на енергија... Да, сè повеќе се зборува за непознатиот терен кој што не чека доколку не направиме промена во сè што е набројано. И секој ден слушаме некоја нова потреба... Но, колку навистина работиме на тоа таа промена да се случи? Колку сме подготвени да ја прифатиме таа промена и да бидеме активни? Доколку сè уште се двоумите, погледнете ги MEATRIX филмовите. Филмот Meatrix 1 ја открива вистината за индустриските (специјализирани) фарми. Главен глумец во филмот е Leo, младо прасе кое живее на убава мала семејна фарма. Еден ден на Leo му се приближува бикот Moopheus и го носи на патување кое ја открива вистината за индустриските фарми.

 


© Web Design: UnaDesign