ДОБРОДОЈДОВТЕ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА
 
 
    
          
ТЕЛЕКОЛАБОРАТИВНИ ПРОЕКТИ

 
   
 

 

 
 
 
 
 
 
 

Телеколаборативни проекти - отварање нови можности и проширување на перспективите


 

Активности
 
Проектот "Телеколаборативни проекти - отворање/обезбедување нови можности и проширување на перспективи” започна со своите активности во јуни 2006 година и планирано е да трае до крајот на мај 2007 година.

За да се остварат директните проектните активности со училиштата, во периодот октомври 2006 - мај 2007 година потребно е однапред да се испланирани активностите во наредниот период. За таа цел подготвена е следната рамка на активности според која ќе се одвиваат активностите во овој проект.

Активности 

1. Формирање училишни тимови за реализација на проектот 

2. Планирање на работата до крајот на мај 2007 година 

3. Дисеминација во училиштата 

4. Информација за реализација на активностите до почетокот на 11/06 

5. Проектни активности во училиштата 

6. Посета на училиштата од страна на проектниот тим 

7. Информација за реализацијата на активностите до крајот на 1 полугодие 

8. Работилница (работна средба) 

9. Информација за реализацијата на активностите во текот на целиот проект 

10. Мониторинг и евалуација

Реализирани активности

Во периодот 2-7 јули, во Enschede, Холандија на 13-та годишната конференција на iEARN (Internacional Education and Resource Network) учествуваа Соња Столеска и Бети Грнчаровска кои беа избрани во процесот на идентификување на училишта кои ќе учествуваат во овој проект.

Проектните активности со училиштата започнуваат со првата работилницата, 7 и 8 октомври 2006 година, Велес во основното училиште „Васил Главинов”.

Програма за работа на работилницата

7. 10. 2006 Ден 1

до 10:30 Пристигнување на учесниците

11:00 Отворање на средбата

12:30 Пауза

13:00 Презентација на телеколаборативни проекти

14:30 Ручек

15:30 Форуми

 

08. 10. 2006 Ден 2

9:00 GTP - Global Teenager Project

10:30 Пауза

11:00 GTP практична работа

12:30 Пауза

13:00 Идентификување проектни теми и планирање на идни активности

14:45 Евалуација Затворање

15:15 Ручек

Заминување на учесниците

Материјали дистрибуирани на работилницата

 

Овозможено од великодушната поддршка на американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), а во партнерство со Интерактивна Мрежа за Образование и Ресурси (ИМОР)