ДОБРОДОЈДОВТЕ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА
 
 
    
          
ТЕЛЕКОЛАБОРАТИВНИ ПРОЕКТИ

 
   
 

 

 
 
 
 
 
 
 

Телеколаборативни проекти - отварање нови можности и проширување на перспективите


 

Учесници
 

Училиштата кои учествуваат во овој проект беа избрани преку јавен повик за поднесување на пријави за проектот Телеколаборативни проекти - отворање нови можности и проширување на перспективите, кој беше објавен на образовниот портал www.schools.edu.mk и пријави беа испратени до сите основни и средни училишта во земјата од страна на проектната канцеларија на проектот Е-Школо.мк. Овој повик предизвика голем интерес и беа поднесени многу пријави од основни и средни училишта од различни градови од државата. Сите пријави беа внимателно разгледани од страна на комисијата. Комисијата имаше тешка задача од многу квалитетни пријави од различни училишта изборот да го сведе на 10 училишта на кои е ограничена оваа активност. По детално разгледување на пријавите, комисијата се одлучи да го направи следниов избор на училишта:

· Основно училиште „Андреја Савевски Ќиќиш“ – Тетово

· Основно училиште „Гоце Делчев“ – Виница

· Основно училиште „Гоце Делчев“ – Штип

· Основно училиште „Кирил и Методиј" – Тетово

· Основно училиште „Васил Главинов“ – Велес

· Училиште за средно образование „Чеде Филиповски“ – Гостивар

· Државен музичко балетен училишен центар „Илија Николовски - Луј“ – Скопје

· Средно општинско училиште „Нико Нестор“ – Струга

Од Средно општинско училиште „Нико Нестор“ – Струга на 01. септември се оформија 2 училишта - Средно општинско училиште „Нико Нестор“ – Струга и гимназија „Д-р Ибрахим Темо“. И двете училишта се активни учесници на овој проект.

· Средно училиште на град Скопје „Браќа Миладиновци“ – Скопје

· Средно општинско техничко училиште „Ѓорги Наумов“ – Битола

 

Овозможено од великодушната поддршка на американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), а во партнерство со Интерактивна Мрежа за Образование и Ресурси (ИМОР)