ДОБРОДОЈДОВТЕ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА
 
 
    
          
ТЕЛЕКОЛАБОРАТИВНИ ПРОЕКТИ

 
   
 

 

 
 
 
 
 
 
 

Телеколаборативни проекти - отварање нови можности и проширување на перспективите


 

Придобивки

 
Придобивките на овој проект:

а) Создавање можности за наставниците и учениците да работат на колаборативни проекти, споделување информации и учење од други ученици во Македонија и пошироко и користење на интернет базирани форуми и останати технологии;

б) Подобрување на способностите на наставниците при олеснување на процесот на колаборативно учење кое го става ученикот во центарот преку интеграција на интернет базираните апликации, поврзувајќи ги меѓу себе учениците во Македонија и пошироко;

в) Надарените лидери меѓу учениците и наставниците ќе имаат можност да се промовираат во поширока образовна средина (заедница) преку образовниот портал на Е-Школо.мк;

г) Учество на двајца наставници лидери од различни училишта на Светската конференција на iEARN во Холандија во јули 2006. (www.iearn2006.nl);

д) Десет избрани училишта ќе се придружат на водечките училишта во Македонија во воведување на работа на он-лине колаборативни проекти следејќи ги чекорите на развиените земји и високо развиените образовни системи;

ѓ) Овие училишта ќе имаат единствена можност да станат центри во оваа атрактивна област, ќе имаат можност да се приклучат на меѓународната он-лине колаборативна заедница и ќе се промовираат преку образовниот портал на Е-Школо.мк.

 

Овозможено од великодушната поддршка на американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), а во партнерство со Интерактивна Мрежа за Образование и Ресурси (ИМОР)