Мисија

Зајакнување на младите во духот на мултикултурното разбирање и соработка, граѓанското општество и демократијата


Мисијата на ИМОР е оспособување на граѓанинот во духот на меѓукултурно разбирање и соработка, граѓанско општество и демократија, развој на позитивно опкружување во кое ќе се почитуваат правата на маргинализираните, дискриминираните и ранливите лица, семејства и ризични групи и обезбедување поддршка при нивно интегрирање во општеството. 

ИМОР - Мисија и Цели

цели

  • Да ги охрабрува и потпомага граѓаните од сите заедници во земјата, Балканот и интернационално заеднички да работат на јакнењето на човечките права, демократијата, меѓу-етничкото разбирање и толераниција, преку-граничната соработка и сите други начини на соработка помеѓу луѓето. 
  • Да ги охрабри граѓаните од сите земји да учат и соработуваат користејќи ИКТ, да го зајакне мирот и да преземе активно учество во решавањето на глобалните проблеми кои го засегаат светот. 
  • Да се развиваат пријателски односи меѓу сите народи базирани на принципот на еднакви права и самоопределување на луѓето. 
  • Да се работи самостојно и соработува со други организации и институции на подобрувањето на животот на припадниците на маргинализираните групи, хендикепираните лица, социјално исклучени или обесправени, жртви на насилство и други социјално обесправени групи, во државата и надвор од неа. 
  • Да ги унапредуваат и поттикнуваат човековите права и основните слободи за сите без оглед на пол, раса, јазик, култура и религија и да се поттикнува еднаквоста меѓу луѓето. 
  • Да се охрабрува и помага воспоставувањето на мостот меѓу образованието и заедницата, со акцент на вклучување на сите заинтересирани страни во образовниот процес. 
  • Да се помага во вклучувањето на маргинализираните групи, хендикепираните лица, социјално исклучени или обесправени, жртви на насилство и други социјално обесправени групи во образовни активности и проектна работа. 
  • Да се помага на жртвите на домашното насилство и поддржи нивното интегрирање во заедницата.
  • Да се помага во заштита на граѓаните од зависности, деликвенција, трговија со луѓе и да се помага во нивното реинтегрирање во општеството. 
  • Да се преземаат активности за заштита на животната средина. 
  • Да се помогне во идентификацијата и споделувањето на различните и комплементарни искуства од образовните, академски и други национални организации со поддржување на образовната инфраструктура и тенденциите низ светот. 
  • Да се споделува ИКТ, образовни методи и други ресурси со организации, училишта, заедници или индивидуи кои сакаат да ги постигнат целите на ИМОР. 
  • Да се помогне во создавањето на инфраструктура за образовна мрежа отворена за сите. 
  • Да се развие и одржува високо квалитетна образовна иновација. 
  • Да се поттикнува интегрирање на ИКТ во секојдневниот образовен процес и развојот на граѓаните во наменско користење на нови технологии. 
  • Да се помага во овозможувањето на пристап до интернет на маргинализираните групи, хендикепираните лица, социјално исклучени или обесправени, жртви на насилство и други социјално обесправени групи.

целни групи


Примарната целна група се млади. Другите целни групи се: малцинства, хендикепирани, деца, маргинализирани, жртви на насилство, невработени, социјално исклучени, обесправени.