5R Концепт
5R концептот е практичен надградба на одржливиот развој и дава многу конкретни предлози за одржлива иднина.
|
 |
Намали
|
Анализа на животниот циклус на производите
Што е анализа на животниот циклус на производите?
Денес производителите мораат внимателно да размислуваат за да ги подобрат своите производи или услуги. Тоа значи дека внимателно го следат секој чекор во производството т.е. неговиот животен циклускако и неговото влијание врз животната средина.
Разбирајќи го животниот циклус производителот може полесно да раководи со своето производство.
Фази во анализата на животниот циклус на производот
Фазите во анализата на животниот циклус вклучуваат:
Дизајн – вклучува:
- издржливост (колку долго ќе трае)
- можност за расклопување / разградување
- може повторно да се искористи
- може да се рециклира
Материјал - вклучува:
- од што е направен производ и амбалажата
- како овие материјали се обработени или издвоени
Производство - вклучува:
- како и каде се изведува производството и пакувањето
- како и каде се прават новите производи од рециклираните материјали и амбалажата
Дистрибуција - вклучува:
- како производот доаѓа од фабриката до крајниот корисник, вклучувајќи ги и транспортните средства
Користење - вклучува:
- како производот и пакувањето се користат од крајниот корисник
Отстранување - вклучува:
- како и каде производот се отстранува и дали отстранување се врши на безбеден начин
- колку лесно производот и пакувањето се разградуваат
Твојата улога во животниот циклус на производот
Иако поголемиот дел од донесување на одлуки останува на производителот, на нас останува да се определиме како ќе го користиме производот. Изборот и отстранувањето на производот се важен дел од животниот циклус на производот. Нема смисла производството на производ кој може да се рециклираат, ако тој заврши во отпад. Вашата улога во животниот циклус на производите:
- пред купување, бидете сигурни / на во своите потреби
- поддржувајте ги компании кои се одговорни кон животната средина и купувајте производи кои се еколошки
- рециклирајте или повторно искористете го производот и пакувањето
- доколку производот не може да се рециклира, уверете се дека е фрлен во правилен начин
- искористете го производот правилно и ефикасно
- испратете повратни информации до производителот - ако мислите дека производот има премногу амбалажа, или дека би можел помалку да и штети на животната средина