Биодиверзитет
|
 |
Заштита на биодиверзитетот |
Како да го спречиме намалувањето на биодиверзитетот во сопствената средина
- Во дворовите и градините садете дрвја, грмушки и трева природни за вашата околина
- На гранките од дрвјта поставете куќички за птици
- Ако не сакате повеќе да го задржите домашното милениче, не го оставајте – однесете го во засолниште за животни.
- Избегнувајте да ги храните дивите животни - тоа за нив не е природно
- Избегнувајте користење на хемиски пестициди во градината
- Грижете се за болните или повредени животни; однесете ги во засолниште за животни или ветеринарна болница
Биодиверзитет - факти и бројки
- Иако сè уште не се откриени и попишани сите растителни и животински видови кои живеат на нашата планета, научниците веруваат дека има над 100 милиони видови.
- Се проценува дека на 1 од 4 видови на цицачи и на 1 во 8 видови птици во блиска иднина им се заканува уништување. Се очекува дека популациите на овие видови ќе се намалат најмалку на една петтина во следните 10 години.
- Во моментов над 16 000 растителни и животински видови се класифицирани како загрозени.
- Ако продолжи сегашната стапка на уништување, во 2025. година, ќе исчезне една петтина од сите познати видови.