банер

Енергија

енергија
Други обновливи извори на енергија

Научниците покрај тоа што постојано бараат подобри начини за користење на сончевата енергија и енергијата на ветерот , тие истражуваат начини за користење на морето, земјата, па дури и ѓубрето како извор на електрична енергија. Сите тие се обновливи извори на енергија. Обновливите извори на енергија понекогаш се нарекуваат "чиста енергија", бидејќи нивното производство не предизвикува емисија на јаглерод диоксид и други штетни супстанции во животната средина.

Енергија на плима и осека

Струењето на океаните, морските бранови и плимата и осеката, може да се искористат со помош на специјални турбини кои од овие движења создаваат електрична енергија. Меѓутоа, градењето на такви системи може да имаа значајно влијание врз крајбрежните екосистеми.

Геотермалната енергија

Геотермалните централи ја користат природната топлина од земјата, особено во вулканските подрачја, за загревање на водата која потоа се користи за производство на електрична енергија.

Енергија од биомаса и гориво

Енергијата на биомасата се создава при распаѓање / гниење на растенија и животни! Во посебни објекти се собира метанот - гасот кој се создава во овој природен процес - а потоа тој се запалува и од неговото горењето се добива енергија. Користење на енергијата на биомасата е добар начин за искористување на отпадот како гориво. Отпадот од шеќерната трска , дрвените струготини, морската трева и животинскиот отпад може да се искористат на овој начин. Ферментацијата на шеќерната трска или дрвените струготини може да се користи за добивање на алкохол кој може да служи како гориво за автомобилите.

Енергија и отпад

Бидејќи за сé она што го купуваме секојдневно, користиме и јадеме, треба енергија за да се создаде, јасно е дека колку повеќе отпад ќе направиме, толку повеќе енергија ќе потрошиме. Користењето на повеќе енергија повлекува поголема емисија на јаглерод диоксид, што значи поголема закана за луѓето, растенијата и животните.
Ако создаваме помалку отпад, помалку енергија ќе потрошиме. Ова може да се постигне ако во домовите го намалиме, повторно искористиме или рециклираме отпадот.

 


© Web Design: UnaDesign