банер

Енергија

енергија
Заштеда на енергија во домот

Заштедата на енергија заштедува пари и и помага на животната средина. Првиот чекор во заштеда на енергија е заштедата во домот. Наједноставен начин да ја следите вашата заштеда на енергија е да ги следите сметките за потрошена електрична енергија или гас.

Греење во зима

Затворете ги вратите помеѓу просториите кои се загреваат и незагреаните простории. Загревајте до 21 °C. Секој дополнителен 1 °C ја зголемува сметката за околу 15%.
Исклучувајте го греењето во текот на ноќта и во текот на денот кога сте отсaтни од домот. На греалките на плин исклучете ја контролата на пламенот во текот на топлите месеци.
Користете преносни греалки наместо централно парно греење, доколку е потребно загревање на само една соба.
Кога купувате греалка, изберете модел кој има термостат и / или тајмер.
Кога купувате греалка, изберете модел на кој искористувањето на енергија е означено со 4 или 5 ѕвезди.
Греачите редовно сервисирајте ги и одржувајте ги чисти.
Кога греете некоја просторија затворете ги прозорците и вратите, спуштете ги завесите и ролетните.
Ако е можно, користете тавански вентилатор за изедначена циркулација на тополиот воздух.

Ладење во лето

Спуштете ги завесите и ролетните на прозорците. Ако е можно засадете дрво да држи сенка.
Отворете ги прозорците и проветрете кога надворешната температура е пониска од внатрешната.
Редовно одржувајте ги и чистете ги клима уредите.
Не ладете ја собата под 24 °C.
Во текот на ноќта или кога не сте дома исклучете го клима уредот.
Кога купувате клима уред одберете го оној чија енергетската ефикасност е означена со 5 или 6 ѕвезди.
Користете вентилатори за создавање на слабо струење на воздухот.
Носете лесна облека.

Осветлување

Гасете го осветлувањето кога ја напуштате просторијата.
Во просториите во кои осветлувањето е пуштено 4 или повеќе саати на ден, користете флуоресцентни ламби или светилки што заштедуваат.
Користете светилки со најмала моќност за одредена локација.
Користете ја природната светлина колку што е можно повеќе .

Топла вода

Чешмите одржувајте ги во добра состојба - проверете дали капат.
Проверете го бојлерот дали е поставен на вистинската температура - не премногу висока.
Користете ладна вода за плакнење на алишта или садови.
Исклучете го бојлерот кога одите на одмор.
Користете енергетски ефикасен туш.
Практикувајте туширање наместо капење.
При купување на бојлер, изберете модел чија енергетска ефикасност е означена со 5 или 6 ѕвезди.

Ладилници

Одмрзнете го и исчистете ја внатрешноста на ладилникот најмалку еднаш на секои шест месеци.
Температурата во фрижидерот држете ја меѓу 3 °C и +5 °C.
Температурата во замрзнувачот држете ја меѓу -18 °C и -15 °C.
Проверете дали вратата на фрижидерот е добро затворена.
Продуктите поставете ги на таков начин што студениот воздух може нормално да струи.
Фрижидерот поставете го на сенка и студено место.
Вратата на фрижидерот отворајте ја само кога навистина ви треба нешто и колку е можно пократко држете ја отворена.
Обезбедете добар проток на воздух од фрижидерот.
Кога купувате фрижидер, изберете модел чија енергетска ефикасност е означена со 5 или 6 ѕвезди (Уред со класа А).

Перење и сушење на облеката

Вклучете ја машината за перење, само кога е полна.
Облеката перете ја во ладна вода, доколку тоа е можно.
Облеката сушете ја надвор, на жица. Овој метод не троши енергија.
Машината за сушење вклучувајте ја само кога е полна и предходно облеката исцедете ја добро.
Машината за сушење одржувајте ја чиста и редовно отстранувајте го правот од филтерот.
Машината за сушење исклучете ја веднаш по користењето.
Подебелата облека сушете ја одвоено од потенките алишта.
Кога купувате машина за сушење, изберете модел чија енергетска ефикасност е означена со 4 или 5 ѕвезди.

Готвење

Дали знаете дека при готвење следниве работи ја заштедуваат енергијата: користење точно определено количество на вода - колку што треба, покриени садови, тивкото варење наместо вриењето го намалува времето на готвење.
За подготвување на помали количини храна користете помали садови.
Истовремено подготвувајте повеќе јадења во рерна.
Користете тајмер и термостат за оптимизирање на готвењето.
Проверете дали добро затвора вратата на рерната.
Отворајте ја рерната само кога е неопходно.
Замрзнатата храна одмрзете ја пред готвење.

Други апарати во домот

Чувајте ги исклучени кога не се во употреба.
Телевизорот и видеорекордерот или DVD плеерот исклучувајте ги целосно.
Компјутерите и принтерите исклучувајте ги целосно.
Користете т.н. "energy save" мод кај сите уреди кај кои тоа е можно да се направи.
Користете машина за миење садови само кога е целосно наполнета и перете на најниска можна температура.
Користете соларни грејачи на вода.
Користете тајмери за вклучување и исклучување од разни уреди.

Општи забелешки

Зградите може да се градат така што ќе трошат помалку енергија.
Добрата изолација ја задржува топлината. Прозорците може да се постават така што топлината ќе ја задржуваат во или надвор од домот.
Користете соларни грејачи на вода.

 


© Web Design: UnaDesign