банер

Отпад

ѓубре
Каде оди отпадот?

Депонии преплавени со ѓубре станаа, за жал, нашиот секојдневен живот и голем проблем. Сепак, ова не мора да биде нашата судбина. Со разумно постапување со отпадот, најголем дел од фрлените остатоци (работи) може да се обработи во вредни, нови и корисни нешта. Основен услов за таков цивилизиран третман на отпад е селективно собирање на отпадот. Со поделбата на отпадот се постигнува подобар квалитет на секундарните суровини и полесна преработка. Создавањето отпад често не може да се спречи. Но, ако се однесуваме одговорно со отпадот, тој нема да биде нужно зло.
Отпадот треба да го собираме во контејнери за рециклирање. Контејнерите за рециклирање одат во складови каде отпадот се сортира и носи во погони за рециклирање.. Ѓубрето се носи на депонии. Ако отпадот не го оставаме во контејнери за рециклирање, тој најчесто ќе се најде на нашите улици, паркови или реки.

Проблеми со отпадоците

Отпадоците можат да бидат опасни - привлекуваат бактерии и глодари, а можат да бидат и запаливи. Некои отпадоци какви што се скршеното стакло или медицински шприцеви, може да бидат многу опасни за луѓето и животните.
Отпадоците се скапи - локалните власти трошат многу пари за чистење на нашите улици, паркови, реки и шуми од отпадот.
Поголемиот дел од ѓубрето на нашите улици доаѓа од луѓето кои исфрлаат отпадоци од автомобилите, или директно ги фрлаат на тротоарите и во одводните канали.
Преполни канти за отпадоци, исто така, создаваат отпад – ѓубрето може да се истури од нив или кантата може да се преврти.

Отпадоци во водите

Фрлените отпадоци одат во канализацијата, а потоа го продолжуваат својот пат во реките и морињата. Над 95% од отпадот во нашите реки доаѓа од нашите улици. Отпадоците ги грубат водите и опасни се за животните кои таму живеат.

Отпадоците влијаат врз живиот свет во океаните. Многу животни умираат од задушување со отпадоци. Делови од јадици, пластични кеси, метални делови и догорчиња од цигари особено се опасни за живиот свет.

 


© Web Design: UnaDesign