Отпад
Што да се направи со отпадоците?
Нашата животна средина можеме да ја заштитиме со фрлање на отпадоците во контејнери за рециклирање или во канти за отпадоци. Ако во близина нема канти за отпадоци, сочувајте го отпадот до следната канта. Никогаш не фрлајте ѓубре во парковите и шумите - носете вреќичка во која ќе ги ставите остатоците од храна и другите отпадоци.
Можете да помогнете во собирање на отпадоци. Во тој случај користете пластична кеса и пластични ракавици и не допирајте ги острите или опасните предмети.
Како да се избегне создавањето на отпад?
- Ако имате градина, органскиот отпад (зелениот отпадот од градината и отпадот од кујна) не фрлајте го во канта за отпадоци, туку користете го за компостирање.
- Купувајте свежи продукти и без амбалажа, доколку тоа е можно.
- Користете платнени кеси, кошница или мрежана торба, а понудената пластична кеса учтиво одбијте ја.
- Пијалаци (минерална вода, сокови, безалкохолни пијалаци, пиво, вино ....) купувајте во стаклени шишиња што можат да се вратат.
- Избегнувајте производи спакувани во мали делови. Нивната амбалажа (метал, пластика), што ја фрламе често е повредна од самиот производ.
- Не користете ниту во исклучителни прилики (родендени, забави) пластичен прибор за јадење, садови и чаши за еднократна употреба.
- Користете батерии (ламби, запалки ...) кои можат да се полнат.
- Користете платнени марамчиња и салфети. Ако купувате марамчиња и салфети од хартија, изберете производите направени од рециклирана хартија. Ова важи и за сите други производи од хартија.
- Избегнувајте да купувате евтини (пластични) производи, особено играчки, кратоко траат и со право може да се сметаат за убаво спакувано ѓубре.
- Обидете се да се купувате производи што подолго траат и кои не треба да се фрлат ако се расипат туку може да се поправат.
- Искористената облека и чевли не припаѓаат во ѓубрето. Однесете ги во Црвен крст, Каритас или други институции кои се грижат за сиромашните.
- Подарете ги или продадете ги добро сочуваните предмети (бесплатни огласи).