Вода
|
|
 |
Зачувување на квалитетот на водата |
Важно е да се намали потрошувачката на вода, но исто така од суштинско значење е да се зачувува и нејзиниот квалитет. Ако се почитуваат неколку едноставни упатства водата може да се зачува чиста:
- Користете биоразградиви детергенти и детергенти без фосфат.
- Користете неизбелена тоалетна хартија.
- Не истурајте масло за готвење и масла во мијалникот или тоалетот - избришете ги тенџерињата и тавите со салвети од хартија.
- Остатоците од храна не плакнете ги во мијалник туку ставете ги во сад за компостиран отпад.
- Не исфрлајте остатоци од боја во канализација.
- Не користите го тоалетот како ѓубралник - не фрлајте искористен памук, санитарни влошки или пелени во тоалетната школка.
- Намалете го на минимум користењето на пестициди од вештачките ѓубрива.
- Лисјата, нечистотијата или остатоците од масло не метете ги во канализациските отвори.
Водата и здравјето
Може да сметаме дака сме среќни затоа што имаме пристап до чиста и безбедна за употреба вода за пиење, што не е често случај во сиромашните земји.
Канализацискиот талог, маслото и хемикалиите кои потекнуваат од земјоделството и индустријата може да бидат многу опасни за човекот и здравјето на животните, ако тие навлезат во тековите на водата за пиење.
- Во Африка и Азија речиси три четвртини од населението нема пристап до чиста вода за пиење.
- Околу 5 милиони луѓе умираат секоја година од болести преносливи преку нечиста вода.
- Речиси 80% од сите болести предизвикани се од нечиста вода за пиење.