банер

Воздух

загадување од автомобил
Смог и сива магла

Фотохемискиот смог се формира од загадувачи какви што се азотните оксиди и органските соединенија. Тие се јавуваат како издувни гасови од моторните возила, од отворените огништа и горењето на вегетацијата. Хемиските соединенија стапуваат во реакција со сончевата светлина при што се создава гас наречен озон.
Озонот има значајна улога во горните слоеви на атмосферата поради тоа што нè штити од штетните сончеви зраци. Но, ако овој гас се создаде во близина на површината на Земјата, станува опасен загадувач кој може да го надразни носот па дури и да предизвика проблеми со срцето и белите дробови.
Смогот тешко се открива, бидејќи е безбоен, но се јавува почесто во текот на топлите месеци. Сонцето сјае повеќе и подолго, што предизвикува повеќе хемиски реакции во атмосферата.
Јасно видливата обвивка што виси над зградите во текот на деновите без ветар се нарекува сива магла. Таа е мешавина на честички од прашина, водената пареа, смог и гасови ослободени од автомобилите и фабриките. Сивата магла ја загадува нашета природната средина и може кај некои луѓе да предизвика проблеми во дишењето.

Други загадувачи

Јаглерод моноксид (CO) е гас без мирис и без вкус кој се јавува при согорување на нафта и нафтени производи. Главни извори на јаглерод моноксид се автомобилите, автобусите и камионите. Јаглерод моноксид може да биде штетен за нашето здравје, бидејќи може да го спречи врзување на кислородот во крвта. Тоа може да не направи уморни и изнемоштени.

Јаглерод диоксид (СO2) е гас со црвеникаво кафена боја кој може да се најде во сивата магла над нашите градови. Главни извори на јаглерод диоксид се автомобилите, фабриките и печките на плин. Јаглерод диоксид може да предизвика проблеми во дишењето и е особено опасен за луѓето кои страдаат од астма.

Разни честички (PM) се нарекуваат многу мали парчиња на цврсти или течни материјали што пловат низ воздухот. Се создаваат од чад, прашина, пепел и разни испарувања. Овие честички се многу мали, но можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Го отежнуваат дишењето, особено на оние луѓе кои веќе страдаат од проблеми со белите дробови.

Сулфур диоксид (SO2) е гас без боја и без мирис. Тој се создава во индустриските погони при согорување на фосилни горива што содржат висок процент на сулфур. Сулфур диоксидот може да предизвика проблеми во дишењето и заболување на белите дробови. Може да предизвика вртоглавица и кашлање, и да влијае на врзувањето на кислородот во телото.

 


© Web Design: UnaDesign