Воздух
![]() |
||
Временските услови и загадувањето |
Временските услови играат многу важна улога во ширењето на загадувањето. Ветровите и струењето на воздухот, поради затоплување и ладење на атмосферата, го пренесуваат загадувањето од едно на друго место.
Некои ветрови шират загадување по дефинирани патеки и предвидувања на дневна основа. Други ветрови се повеќе турбулентни и многу повеќе непредвидливи, така што може да го прошират загадувањето на многу поголеми растојанија. Кога би немало ветер, загадувањето би се концентрирало само на едно место.
Во топлите денови, смогот и сивата магла почесто се јавуваат во нашите градови, бидејќи сончевата светлина создава хемиски реакции во атмосферата при што се создава озон.
За постудените денови почесто се јавува загадување од разни честички предизвикано од горење на горива за греење во домаќинствата и фабриките. Овој феномен е различен од смогот и сивата магла, кои се јавуваат во текот на летото, и често се нарекува зимски смог.
Климатски промени - ефект на стаклена градина и глобално затоплување
Климатските услови на Земјата се потопли отколку што биле пред педесет години. Оваа ситуација се јавува поради т.н. ефект на стаклена градина што постепено влијае на сè поголемо затоплување на земјината атмосфера.
Еден од гасовите кои имаат најголемо влијание врз создавањето на стакленичките гасови е јаглерод диоксидот кој се создава при согорување на фосилните горива какви што се јагленот и нафтата. Поради тоа јаглерод диоксидот се нарекува стакленички гас.
Стакленичкиот гас ја задржува топлината во атмосферата и не дозволува таа да се раснесе во атмосферата. Тоа влијае на затоплувањето на Земјата.
© Web Design: UnaDesign