Одржлив развој
![]() погледнете го видеото "Одржливост" |
||
Население |
Зошто населението е важен фактор?
Здравјето на нашата планета и живите суштества зависат од начинот на искористување на ресурсите. Колку повеќе луѓе живеат на планетата, толку повеќе ресурси се потребни.
Бидејќи нашите ресурси се ограничени, а населението постојано расте, треба да најдеме начини како да ги искористуваме ресурси на ефикасен и поштен начин.
Порастот на населението
Порастот на населението зависи од многу фактори. Сите овие фактори се разликуваат од земја до земја и можат да влијаат врз стапката на порастот на населението:
Поделба на населението
Населението и ресурсите не се рамномерно распоредени:
Сиромашните, или т.н. земји во развој, претставуваат 80% од вкупната светска популација, но користат само 20% од вкупните расположливите ресурси - вклучувајќи фосилни горива, метали, дрво, минерали и други ресурси.
Богатите или развиените земји, сочинуваат само 20% од вкупната светска популација, но искористуваат 80% од сите расположливи ресурси.
Население, ресурси и отпад
Не само што има повеќе луѓе отколку пред педесетина години, туку некои од овие луѓе искористат повеќе ресурси отколку што навистина им требаат. Ова значи дека се произведува сè повеќе храна и производи, искористуваме сè повеќе енергија и произведуваме повеќе отпад од кога било досега. Помеѓу 50% и 75% од сите ресурси за една година се претвора во ѓубре.
Светската популација - факти и бројки
Најнаселени земји во светот
Најмногубројни градови во светот
Светски пораст на населението
Оваа табела покажува колку брзо расте светска популација:
Временски период | Зголемувањето на населението за: |
Секоја година | 76.570.430 |
Секој месец | 6.380.869 |
Секој ден | 209,782 |
Секој час | 8,741 |
Секоја минута | 146 |
Секоја секунда | 2,4 |
© Web Design: UnaDesign